Најголемата и најмоќна синдикална организација во Германија, IG Metall, се избори за зголемување на платите на индустриските работници за 4,35%, но она што беше дочекано како уште подобра вест е стекнувањето на право на 28-часовна работна недела.
Како што пишува Financial Times, синдикатот објавил дека е постигнат договор со работодавното тело во југозападна Германија после што е најавено дека оние 900 илјади работници од металната и електричната индустрија кои штрајкуваа, ќе се вратат на работа.
„Колективниот договор е клучен момент на патот кон модерен самоопределувачки работен свет.“, изјавил Јорг Хофман, раководителот на синдикалната организација после преговорите во Штутгарт кои траете тринаесет часа.
Со договорот, освен што платите ќе бидат покачени од 1 април годинава, работниците ќе добијат и еднократен износ од 100 евра за периодот од јануари до март. Дополнително, сите вработени ќе добијат фиксна сума од 400 евра од следната година плус колективно добиената сума од 27,5% од месечната плата.