Знаете ли колку CO2 емитувате само со еден имејл или со сурфање на интернет?

- Advertisement -

Иако за тоа воопшто не размислуваме, секое користење на интернет произведува CO2 и притоа не мислиме на нашето дишење. Не, туку за да функционира интернетот, потребна е мрежа од кабли, сервери, дата центри, компјутери и други уреди кои користат електрична енергија. Токму таа потрошувачка на електрична енергија произведува и CO2. Ако интернетот го гледаме како држава, би емитувал исто толку CO2 како некои од најголемите економии со светот, како што се Германија и Обединетото Кралство.

Доволно е да знаете дека еден имејл тежок 1 MB на својот пат од испраќачот до примателот емитува отприлика 20 грама CO2. Само 20 пораки дневно по корисник во текот на една година ќе емитуваат исто CO2 како еден автомобил што поминал 1.000 км.

- Advertisement -

Понатаму, пшребарувањето на една веб страница резултира со емисија од 0,8 грама CO2, а вкупната вредност расте на 10 грама после интернет пребарување кое дава пет резултати. Еден корисник просечно прави 2,6 пребарувања дневно, па тоа значи дека тој корисник емитува по 9,9 кг CO2 годишно.

На просечниот корисник додека сурфа му се потребни околу 365 киловат-часови струја и 2.900 литри вода, што одговара на емисија на CO2 како автомобил што поминал 1.400 км.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -