Porsche ќе потроши шест милијарди евра за развој на хибридни и електрични автомобили

- Advertisement -

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche објави вчера дека двојно ќе го зголеми вложувањето во електрификацијата на комплетната понуда до 2020 година, согласно реакциите на автомобилската групација Volkswagen на низата скандали со загадувањето на околината и новите предизвици во странство.

Од Porsche денеска најавија дека во следните пет години, за развој на хибридни и електрични автомобили, ќе потрошат повеќе од шест милијарди евра. Од дополнителните три милијарди евра, околу 500 милиони ќе бидат насочени во развој на главниот електричен модел на Porsche, Mission E, кој треба да биде пуштен во продажба до крајот на 2019 година.

- Advertisement -

Околу една милијарда евра ќе бидат вложени за развој на електрични и хибридни возила на постоечките модели. Неколку стотини милиони евра ќе се одвојат за проширување на погонот, а околу 700 милиони за градење мрежа на брзи полначи за електрични возила.

Компанијата сепак нема намера да им го заврти грбот на традиционалните мотори со внатрешно согорување.

Сподели!
- Advertisement -