Неповторливо AR доживување за корисниците на Македонски Телеком

- Advertisement -

 

Во времиња полни со предизвици можностите на технологијата ни пружаат ретка прилика да изградиме подобар свет околу нас, да ги реализираме своите потенцијали, да бидеме препознаени и да живееме посреќен живот, да го премостиме јазот меѓу виртуелниот и физичкиот свет, поинаку да гледаме и да учиме за светот околу нас.

- Advertisement -

Македонски Телеком, како динамична и иновативна компанија која им овозможува на своите корисници да се поврзуваат каде било, кога било, охрабрувајќи ги да направат повеќе и тоа сега, денес, благодарение на најдобрата, најсигурната и најбезбедната мрежа во земјава оди и чекор понапред, овозможувајќи им да ја доживеат на своите смартфони револуционерната Augmented Reality (АR).

Со симнување на апликацијата Telekom AR, (за андроид) https://play.google.com/store/apps/details?id=com.telekom.ar,  (за apple корисници) https://itunes.apple.com/us/app/telekom-ar/id1343665605?mt=8
скенирајќи го кодот од билбордите и ТВ рекламите на Телеком, како и стикерите на излозите во продавниците на Македонски Телеком корисниците може да уживаат во можностите на AR технологијата на најдобрата мобилна мрежа. Апликацијата им овозможува на корисниците виртуелно да го посетат прекрасниот пејзаж на пештерата Врело во кањонот Матка, да ги испитаат виртуелните училници и да се сретнат со науката преку интерактивни 3D модели и анимации, како и да ги прегледаат најновите содржини од најдобрата дигитална телевизија MaxTV.

- Advertisement -

Со својата нова кампања Македонски Телеком ги оживува традиционалните канали на комуникација, давајќи им нова димензија. На пример, сега билбордите не се само статични рекламни паноа, туку многу повеќе. Со насочување на мобилниот телефон кон билбордот и скенирање на кодот тој “оживува”, станува интерактивен и прикажува надградена реалност.

Со напредокот на технологијата и секој чекор понатаму нашите животи стануваат побогати и полесни во секоја смисла. Револуцијата во технологијата и комуникациите го трансформираа светот повеќе од кога било во историјата на човештвото. АR или во слободен превод “подобрена/потпомогната реалност” или уште толкувана како “надградена реалност“, претставува револуционерна платформа која што им овозможува на корисниците да визуелизираат 3D модели во реална средина, во реално време и обем.

- Advertisement -

Со лансирањето на апликацијата Telecom AR, Македонски Телеком ги поканува сите да станат дел од прекрасните можности на светот – денес, користејќи ја најдобрата мрежа за полесно и побрзо учење, грижа за другите и за просперитетот на заедницата.

Сподели!
- Advertisement -