„Солар Македонија“ одржа обука за димензионирање, монтажа и сервис на сончеви системи

- Advertisement -

Здружението за сончева енергија „Солар Македонија“ свечено ги додели сертификатите за кандидатите кои успешно ја поминаа обуката за соларни системи. Кандидатите поминаа обука составена од два теоретски дела за фотоволтаични и термални системи и проследени со практична употреба. Преку овие обуки, организирани со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Солар Македонија ги адресира секторските проблеми поврзани со недоволната стручност на работната сила.

Недоволно квалификуваната работна сила носи штета за потрошувачот но и за целиот сончев сектор во државата. Како што напомена и претседателот на организацијата, Проф. д-р. Илија Насов „Сончев систем не може да ја постигне максималната ефикасност ако не е квалитетно проектиран и добро инсталиран. Еден од наголемите проблеми во соларниот сектор на РМ е не сертифицираните и не доволно обучени инсталатери ”.

- Advertisement -

Решението кое Солар Македонија го нуди на нејзините компаниите членки се обуките за работна сила кои ќе ја зголемат професионалноста на соларните инсталери и ќе ја зголемат довербата на потрошувачите. Дополнително, Солар Македонија ќе земе активно учество во лобирање со цел решавање на системските проблеми на секторот како што се грешно дизајнираните шеми за субвенционирање на термални системи и царините за компоненти кои ги оптоваруваат домашните производители на панели. Поради големата заинтересираност за првата обука, Солар Македонија ќе одржи уште една,втора обука на крајот на фебруари, 2019 година.

- Advertisement -

Целокупниот пакет на решенија за секторот, меѓу кои и обуките за работна сила, Солар Македонија го нуди со цел подигнување на продуктивноста на сончевиот сектор и донесување на самоодржливост во македонската економија.

Обуките и лобирањето Солар Македонија ги организира како активности од проектот „Подобрување на вештините, производството и вработувањата во македонските микро, мали и средни претпријатија (ММСП) кои работат со сончева енергија и опрема“, поддржан преку грант од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

- Advertisement -

Започнат во 2018 година, Проектот на УСАИД работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании во делот на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за поддршка на ММСП. Нивната соработка со Солар Македонија се заснова на поддршка на бизнис организациите (асоцијации, здруженија, комори и бизнис центри) како важни чинители во подигнувањето на продуктивноста и приходите на приватниот сектор во Република Македонија.

Сподели!
- Advertisement -