Второ издание на Womenpreneurs Stories на 20 февруари во Јавна Соба

- Advertisement -

Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Сакате да ги дознаете основите на финансирање при започнување на сопствен бизнис?

- Advertisement -

Бидете дел од ова издание на Womenpreneurs Stories 20.02.2018, вторник, 19-21ч. Јавна Соба.
На овој настан ќе имаме можност да ја слушнеме приказната на Maris Prii, која ќе зборува за нејзиното искуство со (fundraising) собирање на средства – основи на вложување на капитал и неговите алтернативи (convertible note, SAFE note, KISS note).

По завршувањето на настанот ќе ги познавате и разбирате основните принципи на инвестирање и собирање на средства, најважните правни термини и логиката на пресметувањето на капиталот.

- Advertisement -

Која е Maris?
Maris е COO & Management Board Member во Startup Wise Guys од Талин, Естонија, уште од јануари 2014та година. Раководи со корпоративното управување, финансии, инвестиции и правната страна на менаџирање на нивното портфолио. Член е на Estonian Startup Ecosystem и дел од организацијата на конференцијата Latitude 59. Како претходно искуство може да се наведе дека помагала во создавање на B2B стартап компанија.

Maris Prii е #SwissEP Entrepreneur-In-Residence од Естонија, која работи со стартапи и организации во Македонија.

- Advertisement -

EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската Претприемничка Програма, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.

Резервирај го твоето место, набави билет навреме:
https://grouper.mk/deal/womenprenerurs-stories-public-room-20-02

Сподели!
- Advertisement -