Apple Watch со поголема продажба од сите швајцарски часовници заедно

- Advertisement -

Во последниот квартал од минатата година – односно последната празнична сезона – повеќе луѓе го купиле паметниот часовник на Apple отколку некој од популарните марки на швајцарски часовници, а се работи на број од два милиони часовници, пишува TechCrunch.

Овие броеви се базираат на податоци од последниве години кои покажуваа промена во трендовите на купување рачни часовници. Имено, во првиот квартал на 2016 година, Apple доставиле 1,5 милиони часовници, додека пак бројот на доставени швајцарски часовници бил 5,9 милиони. Оваа ситуација продолжила до септември 2017 година кога всушност Apple го лансира Apple Watch 3 и за првпат остварува поголема продажба отколку сите швајцарски часовници заедно.

- Advertisement -

Ова не значи дека Apple ќе продолжи со овој тренд бидејќи имаат само еден производ додека пак швајцарската индустрија на часовници има илјадници, но она што е неверојатно е тоа што една компанија може да надмине една цела индустрија. Останува да видиме дали швајцарските часовници ќе бележат поголема продажба од Apple Watch во следниов квартал.

Сподели!
- Advertisement -