CEED Hub Скопје објави повик за предакцелераторска програма за стартапи

- Advertisement -

Доколку имате иновативна бизнис идеја и сакате да научите како да ја реализирате, пријавете се на предакцелераторската програма на CEED Hub Скопје.

Станува збор за првата предакцелераторска програма за стартапи на CEED Hub Скопје за 2018 година, која ќе започне на 28 февруари. Програмата ќе биде во времетраење од два месеци и ќе опфаќа неколку елементи како:

- Advertisement -

• БИЗНИС ДИЗАЈН СПОРЕД CANVAS МОДЕЛОТ
• МЕНТОРСТВО
• DEMO DAY (PITCHING)

Заинтересираните претприемачи можат да се пријават со пополнување на апликацијата на следниов линк  најдоцна до 25 февруари 2018 година. Програмата е во вредност од 500 евра, а CEED Hub Скопје покрива 90% од сумата, додека пак останатите 10% си ги покриваат учесниците, односно плаќаат само 50 евра.

- Advertisement -

За повеќе информации и прашања поврзани со програмата можете да се обратите на mtrajkova@ceedhub.mk или mgeorgievski@ceedhub.mk или пак на телефонскиот број 078459067.

Сподели!
- Advertisement -