#ИновативностЧита: Се гледаме на врвот од Коста Петров

- Advertisement -

Викендот е наменет за опуштање и одмор, а еден од најдобрите начини како да заборавите на работните обврски од неделава што помина, е да се впуштите во една книжевна авантура. Преку рубриката #ИновативностЧита редовно ви даваме викенд предлози за книги, а за денес го избравме македонскиот бестселер Се гледаме на врвот од Коста Петров.

(Пишува – Бисера Срцева)

- Advertisement -

Речиси и да не постои човек во Македонија кој не слушнал за Коста Петров. Познат македонски претприемач, писател, ПР експерт – ова се само неколку атрибути со кои е закитено неговото портфолио. Најновиот епитет кој Коста Петров го доби е и најчитан автор за 2017 година, признание кое го доделува библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Неговите книги имаат над 20.000 продадени примероци за помалку од три години. Кога решивме дека оваа сабота рубриката ќе му ја посветиме нему, тешко ни беше да се одлучиме за која книга да пишуваме. Ја избравме Се гледаме на врвот поради мотивирачката нота која ја содржи истата.

- Advertisement -

Ова е книгата – првенче на Петров преку која тој започнува да го открива својот свет и патиштата исполнети со падови и подеми кои го донеле таму каде што е.

„Оваа книга исполнета со моето лично искуство и со мојата потрага по успехот низ светот би сакал да биде инспирација за секого дека големи и клучни работни можат да започнат од овде и да се случуваат тука во Македонија.“, изјавил Петров кога ја промовирал својата книга во Македонија пред скоро пет години.

- Advertisement -

Книгата би била одличен избор за вас доколку сакате да дознаете од прва рака што е сето она што може да го очекувате кога ќе се одлучите да почнете да ги остварувате вашите соништа. Исто така, книгава ќе ве научи дека не треба ништо да ве изненадува, ниту пак да ве разочарува при „чекорењето до врвот“.

Зошто ова би можела да биде совршената книга за вас? Бидејќи ретко слушаме приказни за Македонец кој успеал да постигне толку многу, колку што постигнал Коста Петров. Книгава ќе ве инспирира бидејќи после читањето ќе знаете дека фактот дека доаѓате од една мала, балканска држава, е апсолутно неважен доколку знаете што точно сакате да постигнете и го вложите целиот ваш труд во остварување на замисленото.

Македонската писателка Јагода Михајловска-Георгиева напишала за книгата: „Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“

Коста Петров е основач и извршен директор на компанијата P World која има реноме како една од најдобрите маркетинг агенции во светот за организирање на настани во светот и која е присутна во повеќе од триесет земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка.

Сподели!
- Advertisement -