Apple Watch може да ги препознае раните симптоми на дијабетесот со точност од дури 85%

- Advertisement -

Првата верзија на паметниот часовник на Apple не остави никого со отворена уста, па дури ни најголемите љубители на компанијата и се покажа дека корисниците не сакаат на рака да носат уред кој ќе им покажува известувања и информации кои секако ги имаат на телефон. Исто така, уредот беше прилично бавен со кратко траење на батеријата, па ја немаше вообичаената навала за новиот уред.

Сепак, денес ситуацијата е поинаква. Apple Watch од генерација во генерација е се подобар уред со многу можности, брз хардвер и подобар софтвер. Како што пренесува Zimo, истражувањата покажаа дека Apple Watch и апликацијата Сardiogram која ја користи можат да ги анализираат податоците од часовникот и да го предупредат корисникот на опасност од срцев удар. Веќе се забележани случаи кога часовникот ги предупредил корисниците на проблеми со работата со срцето пред да им се појават првите симптоми и така можеби им го спаси животот.

- Advertisement -

Едно неодамнешно истражување покажа и дека благодарение на следењето на работата на срцето и анализата на податоци DeepHeart паметниот часовник на Apple може да детектира и дијабетес во рана фаза од развојот. Истражувањето го спроведе Cardiogram во соработка со Универзитетот Калифорнија на повеќе од 14.000 луѓе и се покажа дека часовникот може да препознае дијабетес во дури 85% од случаите.

Дијабетесот може да се препознае преку следење на промените во работата на срцето како што се зголемен број на отчукувања во мирување или побавно смирување на отчукувањата после вежбање. Врз основа на тие податоци може да се предвиди дали постои можност за развој на дијабетес и навреме да се предупреди пред да настанат компликации.

Сподели!
- Advertisement -