Мексиканец поминува 2.255 часа годишно на работа, што е еднакво на 43 часа неделно
Мексиканците работат многу повеќе часови неделно отколку кој било друг на планетата Зем ја. Германците, пак, имаат најкратка работна недела. Најновите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чии 35 членови се некои од наразвиените нации во светот и некои нации кои се во развој, откриваат дека просечниот Мексиканец поминува 2.255 часа годишно на работа, што е еднакво на 43 часа неделно.
Грците работат најмногу часови неделно од сите Европејци – просечно 2.035 часа годишно. На другиот крај се наоѓаат Германците, кои годишно работат ситни 1.363 часа. Тоа е 892 помалку работни часови отколку Мексиканците.
Работниците во САД се на средината – годишно работат просечно 1.783 часа. Различните културни сфаќања и социоекономските фактори играат клучна улога во бројот на работни часови кои работодавците ги очекуваат од работниците.
Во Мексико владее страв од невработеност, лабави закони за труд, што значи дека 4о-часовната работна недела многу ретко се применува. Во Јужна Кореја, која е на трето место, подолгите работни недели се резултат на напорите да се поттикне економскиот раст. Но, поради загриженоста од појава на социјални немири, како и намалена стапка на раѓање и забавена продуктивност, претседателот Мун Џеј-ин ја скрати работната недела и на работниците им даде време да здивнат.
И покрај тоа што во Јапонија имаат и посебен термин за преработеност – кароши, просечниот работник во Јапонија годишно работи во просек 1.713 часа. Тоа можеби е изненадување со оглед на репутацијата на земјата како една култура на зависници од работа.
И покрај тоа што има најкратка работна недела од сите членки на ОЕЦД, Во Гермнаија има висока продуктивност. Всушност, германските работници се за 27% попродуктивни од Британците. Холанѓаните, Французите и Данците исто така работат помалку од 1.500 часа годишно.