Заврши образовниот хакатон во рамки на Конференцијата за квалитетно образование

- Advertisement -

#ОбразовенХакатон е настан кој се одржа во рамки на конференцијата “Квалитетно образование – за раст, резултати и подобра иднина“ чии организатори се Владата, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и УНИЦЕФ

Во периодот 4-6 декември Лабораторијата за социјални иновации – СмартАп организираше тридневен образовен хакатон за поттикнување на креативност во образованието и креирање прототип решенија на некои од многуте образовни предизвици.

- Advertisement -

Преку тридневна интензивна работа, пет тима составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци и други работеа заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на некои од предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет.

- Advertisement -

Тимовите работеа поединечно на секој од следниве предизвици:

  • Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава? 
  • Како да им се помогне на наставниците да останат во чекор со најновите трендови во педагогијата? 
  • Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми? 
  • Современата технологија како стимул за подобрување на постигнувањата на учениците? 
  • Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка.

Четири од тимовите претставија идеи т.е. иновативни решенија кои се базираа на онлајн платформа, односно онлајн поврзување на наставниците меѓусебно или поврзување на наставници со ученици со цел тие заедно да работат на образовни тематики, да ја развиваат воспитната функција на образованието, да споделуваат искуства и екпертиза и да поттикнуваат креативност и иновативност кај учениците.

- Advertisement -

Петтиот тим, кој работеше на предизивкот како да изгледа идната инклузивна училница, претстави дизајн на идна училница во која преку различни катчиња и активности, ќе се анимираат децата од различна етничка припадност, децата со попреченост, децата со различни недостатоци заеднички, со цел да се поттикне социо-емоционалната димензија во нивниот развој.

Идеите беа оценувани од жири кое се состоеше од Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Хајан Селмани, основач на ХАСЕЛТ и Славомир Хрушка, инвестициски менаџер при словачкиот Фонд за иновации и технологии.

„Дел од презентираните идеи дефитивно се применливи во јавниот сектор, односно во образованието. Во разговор и со УНИЦЕФ, и со тимовите, ја разгледавме опцијата тимовите да се пријават на некој од повиците за проекти на Фондот. Избраната идеа ќе се финансира во текот на целиот процес на развивање и имплементација, до крајниот продукт. Потоа во соработка со Министерството за образование, продуктот може да се откупи од нив и да се примени. Ќе вложиме сѐ што е во наша моќ за да ставиме барем една од идеите во пракса.“, изјави Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации.

Конференцијата заврши со панел сесија во која претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и Фондот за иновации дискутираа како би можеле да се прошират успешните иницијативи и иновации за да имаат ефект врз секое дете во секоја училница во земјата. Пораката беше дека во 21. век, иновацијата е клучна за квалитетно образование.

Сподели!
- Advertisement -