Intel направи паметни очила кои сигурно ќе посакате да ги носите

- Advertisement -

Паметните наочари добиваат нова димензија

Intel лансираше импресивно лесни и обични на изгледа паметни очила наречени Vaunt. Тие имаат пластични рамки и тежат нешто помалку од 50 грама, што малку повеќе од обичните очила, но многу помалку од Google Glass, на пример. Електрониката е поставена во дршките и ја контролира еден првокласен ласер кој со црвена светлина емитува слики пред вашите очи со големина од 400 x 150 пиксели. Очилата немаат камера.

Vaunt се главно наменети да ви даваат релативно едноставни нотификации, пишува Engadget. Од Intel велат дека очилата се посуптилни од паметен часовник и овозможуваат да проверувате нотификации додека вршите други активности. Во една демо снимка се гледа дека можете да ги видите датумот на раѓање на некоја личност и други лични податоци додека разговарате со таа личност на телефон. Понатаму, сензоритe за движење препознааваат кога се наоѓате во кујната и ви покажуваат рецепти или шопинг листа.

- Advertisement -

Доколку ве загрижува помислата ласер постојано да ви свети во очите, да ве утешиме дека тој ласер е многу слаб. Освен тоа, дисплејот не е видлив освен ако гледате во него, така што слободно можете да се движите без да ви пречи. Без оглед на тоа дали имате стакла со диоптер или не, ласерот секогаш свети во задниот дел од зеницата и секогаш е во фокус.

- Advertisement -

Друга опција е можноста за поврзување преку Bluetooth со вашиот паметен телефон. Има и процесор за апликации, компас и акцелерометар. Идните модели може да содржат и микрофон за дигитални асистенит како Alexa или Siri.

Сподели!
- Advertisement -