Design&Wine викенд во CEED Hub Скопје каде ќе се претстават македонски стартапи со оригинални производи

- Advertisement -

Овој викенд на 3. и 4. март, од 10.00 до 18.00 часот, ќе се одржи дизајнерска дружба и продажна изложба во новоотворениот CEED Hub Скопје (во кампусот на Машински факултет) под името Design & Wine.

Идејата за Design & Wine ќе биде промовирана на пошироката јавност преку уникатните производи на домашните автори и квалитетните креатори.

На Design & Wine ќе може да најдете уникатен накит, рачно изработени честитки, кожни производи, парчиња мебел што воодушевуваат, креативни детски дрвени детали, дизајни за улична мода, домашна органска козметика, органски супстрати за домашни растенија, подароци за изненадување, рециклирана дизајнерска облека, платнени и волнени ташни и многу други интересни решенија.

- Advertisement -

Во рамките на настанот, на 3ти март од 12.00 до 13.00 часот, компанијата Мали нешта ќе одржи бесплатна работилница за деца каде ќе можат да се запознаат со процесот на боење и декорирање на дрвени предмети.

Design & Wine е иницијатива на група креатори кои беа дел од Пред-акцелераторската програма на CEED Hub Скопје, поддржана од ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада.

- Advertisement -

Повеќе информации за компаниите кои ќе се претстават, можете да најдете на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -