Toyota го шири својот бизнис со беспилотни возила со својата нова компанија Toyota Research Institute-Advanced Development или TRI-AD. Јапонската автомобилска компанија ја основа компанијата заедно со провајдерот Aisin Seiki and Denso и планираат да инвестираат 2,8 милијарди долари во наредниот период и да вработат околу 1.000 вработени за да развиваат софтверски системи за беспилотни возилa, пишува The Verge.
За Toyota не е новина технологијата за беспилотни автомобили. TRI-AD ќе има седиште во Токио и ќе има за цел да креира целосно интегриран софтвер за автоматско возење доволно развиен за производство. Ова е релaтивно нов пристап во автомобилската индустрија. Многу од најголемите автомобилски компании кои се натпреваруаат меѓусебе во даден момент морале да излезат од компанијата и да купат стартапи за да го унапредат развојот на автономните автомобили.