Стартуваше со работа E- Pay, македонски сервис за примање пари од странство

- Advertisement -

Од неодамна започна да работи E-Pay Macedonia кој претставува македонски сервис за трансфер на пари во и од Македонија. Целта на платформата е да овозможи трансфер кој ќе биде и брз и безбеден.

Како што пренесува порталот Marketing365, сервисот може да се користи и за плаќање на завршена услуга, иако не е баш веројатно дека ќе успеете да ги  убедите клиентите да ве платат преку непознат сервис.

Зад E-Pay стои ИГАЛ Гроуп – ДОО Скопје, а проектот е поддржан и  од Еуростандард Банка – Македонија. Плаќањето во целост е онлајн, иако за подигање на парите треба да одите до банка. По подигање на картичката од експозитура, корисникот може да плаќа директно од картичката или да ги извади пари.

- Advertisement -

Платформата исто така ќе работи и на принцип на „gift“-картички. „Купувачот“ одбира дизајн на картичка и сума, и ја испраќа до примачот. Добитникот на овие средства преку СМС и имејл добива известување за пристигнатите средства.

- Advertisement -

Сервисот е достапен и за локално користење и може да ве спаси ако немате идеја што да купите за подарок  или ако сте заборавиле да купите  подарок воопшто.

Сподели!
- Advertisement -