Kaков е Охрид од 27 век? Открива професорот Анис Сефиданис со помош на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Како компјутерот го замислува Охрид во 27 век? Градот од иднината е темата на илустрираниот роман „Охридски преданија на иднината“, целосно создаден од вештачка интелигенција, како проект на професорот Анис Сефиданис од Факултетот за применети математички науки, машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и неговиот тим. Уникатното дело, прво вакво во земјава, е создадено на единствениот Суперкомпјутер кај нас што го поседува Сефиданис.

Новинар – Сања Наумовска

- Advertisement -

Проф. Сефиданис, како дојдовте на идеја да го создадете Охрид од иднината низ „очите на компјутерот?

Парадигмата наречена вештачка интелигенција им дава уникатната моќ на современите сметачи да ги предвидуваат нештата преку симулација на комплексни системи. Со увиди во минатото на градот, трансфигурацијата на неговиот екосистем, инфраструктура, култура и слично, вештачката интелигенција успева да го проекира древниот Охрид во една далечна иднина , каде кохабитираат различни цивилизации и хибридни киборзи и воедно да го опише секојдневниот живот на охриѓани и нивните предизвици во 27-миот век.

- Advertisement -

Романот „Охридски преданија на иднината“ е создаден целосно од вештачка интелигенција. Може ли да ни дадете детали за процесот на креирање?

Користени се големи податоци кои вклучуваат различни теми од научната фантастика. Суперкомпјутерот со помош на метода наречена длабинско учење, се обучува самојстојно да генерира текстови од различни должини и со различни содржини, кои се целосно уникатни во споредба со примероците за тренирање. Слична е и постапката за генерирање на сликите од романот.

- Advertisement -

Вие ја имате ексклузивната можност да работите со суперкомпјутерот на NVIDIA. Кои се идните проекти кои ги планирате?

Досега, покрај проектот „Охридски преданија од иднината“, со помош на Суперкомпјутерот имавме изработено и систем за препознавање на македонски говор, за потребите на паметниот споменик „Виртуелен Прличев“ кој е исто така производ на компанијата Сефиданис од Охрид. Моментално работиме на инфраструктура во облак, каде секој ќе може со свои податоци да си обучи систем базиран на вештачка интелигенција за најразлична потреба, од автоматизација на процеси во индустријата, преку научни истражувања, до естетски апликации на новите дигитални уметности.

Што мислите, како АИ ќе влијае на животот и секојдневието на човекот од иднината?

Четврата индустриска револуција ќе биде дефинитивно предводена од вештачката интелигенција, каде истата ќе го промени животот на граѓаните на планетата исто како што тоа го направи и електричната енергија. АИ е веќе присутна во секојдневниот живот, благодарение на неа го наоѓаме најкраткиот и најбезбеден пат до саканата дестинација, ги оптимизираме нашите деловни процеси и приватни активности, запознаваме нови луѓе, наоѓаме нови ресурси и откриваме нови искуства во метаверзумот, сѐ благодарение на вештачката интелигенција.

Има ли АИ лимит на својата интелигенција, поточно треба ли да има?

АИ преставува светиот грал на информатиката, обидот да се пронајде формален математички модел преку кој со помош на компјутер ќе може да ја симулираме човековата свест. АИ е дел од т.н. експоненцијани технологии, чиј развој се удвојува со енормно голема брзина,. Денешните системи за вештачка интелигенција се главно ограничени од процесорската моќ која ја имаме на располагање, како и од степенот на дигитализација на физичката реалност и наша целосна имерсија во метаверзумот.

Сподели!
- Advertisement -