Goodyear направи автомобилски гуми кои го чистат воздухот додека возите

- Advertisement -

Иднината на транспортот изгледа навистина „зелена“. Goodyear само што ги претстави новите гуми Oxygene на Geneva International Motor Show во Женева, кои имаат интегрирани жива мов за да го подобрат квалитетот на воздухот додека се вртат. Но, не е само тоа ново. Goodyear ги испрчати гумите Oxygene со 3D печатач, а како материјал користеше рециклирани гуми. Гумите имаат и вградена технологија која ги прави побезбедни за пешаците, пишува Inhabitat. 

Додека сите еколошки иновации кај мобилноста се добредојдени, овие гумис е сособено возбудлива вест затоа што автомобилските гуми се многу токсичен дел од транспортниот систем. Гумите Oxygene имаат жива мов која расте на внатрешните ѕидови од гумата, а преку врвците добива влага за да се прехранува. Мовта го впива хаглерод диоксидот, а испушта кислород, а енергијата која се создава при фотосинтезата се користи а напојување на светла во гумите кои ги предупредуваат пешаците доколку возачот врти или кочи. 

- Advertisement -

Гумите се направени од рециклирани стари гуми, а исто така имаат и опција за конектираност што ќе биде корисно за автономните автомобили во иднина. Само во САД годишно се фрлаат 300 милиони автомбислки гуми, па оваа гума на Goodyear е одржливо решение за сериозен проблем.

Сподели!
- Advertisement -