H&M прави се за да го одржи ветувањето дека до 2040 година сета нивна облека ќе биде „зелена“. Новата колекција на компанијата се вика H&M Conscious Exclusive collection и е составена од парчиња облека направена од текстил исткаен од регенериран најлон од депонии и океани. Колекцијата е партнерство со модниот гигант и компанијата Aquafil, која е водечки производител на синтетичкиот материјал Nylon 6, кој се користи за правење облека и други предмети, пренесува Green Matters.
H&M неодамна се обврза на одржливост, а тоа резултираше со креирање на материјалот ECONYL, целосно направен од регенериран отпад. H&M го користи материјалот за да произведува висококвалитетни фустани од чипка, кои ќе се продаваат во целиот свет од 19 април 2018 година.
„Горди сме што годинаца во колекцијата Conscious Exclusive collection го користиме материјалот ECONYL Ние во H&M постојано бараме иновативни материјали кои ќе ни овозможат да правиме одржливи производи. Exclusive collection беше битен тест за нас и ни овозможува да ги испробаме најновите одржливи материјали на помала количина. Во повеќе наврати досега тие материјали сме ги инкорпорирале во колекциите“ велат од H&M.
Посветеноста на H&M на одржливоста е резултат на фактот дека после нафтената индустрија, втора индустрија која е најголем загадувач во светот е брзата мода. Ако се земат предвид пестицидите кои се користат за одгледување на памукот и токсичните бои при производството, како и големата количина природни ресурси кои се користат за екстрахирање, садење, одгледување, преработка и транспорт, брзата мода многу и наштетува на природата од секој аспект. Замислете, потребни се дури 2.640 литри вода за да се направи само една памучна маичка.
На полето на брзата мода нема позвучно име од H&M. Со години компанијата произведува евтина и тренди облека. Колку и да ја сакаат луѓето компанијата, многу голем дел од облеката завршува во отпад.Американците, на пример, годишно фрлаат дури 14 милиони тони облека, а 84% од нив завршуваат или на депонија или се спалуваат и на тој начин предизвикуваат уште поголемо загадување. Токму затоа H&M се посвети на својата мисија за одржливост.