Особини кои треба да ги поседува секоја жена лидер

- Advertisement -

Жена лидер – не е тајна дека многумина гледат попреку на жените поради одредени особини кои на мажите им носат почит. Овој феномен има разични ефекти кои на жените им го отежнуваат напредувањето во корпоративниот свет затоа што одредено однесување се припишува исклучиво на машкиот пол.

На тој начин се поништува идејата дека жената може да биде лидер и да биде исто добра како мажите на одредени позиции и улуги, па дури и подобра. Но, фрустрира тоа што ваквата ситуација доведува до тоа жената да го занемари својот лидерки потенцијал, пишува Bizlife.

Постои причина за тоа. Однесувањето како амбициозноста, сигурноста и бескомпромисните визии се токму особини поради кои често се критикуваат жените на лидерски позиции, но всушност, се неопходни. Но, има и добри вести – не мора да обрнувате внимание на тоа. Најдобро што можете да направите е да бидете одговорни за своето одлично, амбициозно, шефовско ЈАС.

- Advertisement -

Еве неколку особини кои мора да ги поседуваат жените кои се добри лидери.

Жената како заповеднички лидер 
Кога мажите преземаат одговорност, тие се лидери. Кога истото ќе го направи жена лидер, таа добива етикета на некој кој постојано наредува. Ова е чист пример за двоен стандард. Зошто жената која е лидер би била негативно карактеризирана? Во реалноста, жените кои се борат за лидерска позиција се сметаат за нареднички настроени (bossy). Зошто би се срамеле од нешто што сакате да го работите и во што сте навистина добри? Само напред! Не дозволувајте другите да ве осудуваат и стереотипите да влијаат на вас.

- Advertisement -

Жената како бескомпромисен лидер 
Сите сакаат бескомпромисни луѓе. Погледнете само како се одушевуваат на Железниот човек Тони Старк или на Гордон Ремзи. Сите ги обожаваат затоа што велат и прават работи кои никој не смее, а сите би сакале. Тие не трпат никого, говорат се што мислат, знаат што треба да се направи и тоа и го прават. Но, што кога жената лидер е таква? Одеднаш не се карактеризира како шармантна туку како бескрупулозна. Тоа е само синоним за некој кој знае што му треба и кој ќе се погрижи и да го добие тоа. Морате да им верувате на своите инстикти и интуицијата за да го направите она што треба, затоа што само така можете да ја остварите својата визија.

Жената како асертивен лидер
Уште еднa негативна особина која се лепи за жените на лидерски позиции е дека некој е тежок карактер. Тоа значи дека не прифаќате се, дека ги сфаќате околностите на некоја ситуација и не се откажувате лесо. Затоа, отфрлете го тој стереотип и сфатете дека никој не напредувал во политиката ики во работата доколку дозволил други да дискутираат. Ако имате идеја или не се сложувате со нешто, слободно кажете го тоа. Лидерството е невозможно ако се плашите да проговорите.

- Advertisement -

Жената како самоуверен лидер 
Најлошо е која некој ве нарекува напорна личност. Тоа, всушност, имплицира дека некој е многу дрзок кога има толкава доверба во себе и во своите вештини. Но, од лидерот се очекува таква доза самодоверба. Иако не е неопходно секој пат кога ќе влезете во собата да доминирате над сите, добро e одвреме навреме да покажете дека сте сигурни во себе. Вие си ја знаете вредноста и треба да продолжите да ја градите самодовербата, особено кога некој или нешто ве предизвикува.

Жената како амбициозен лидер 
Ајде само да се потсетиме дека не е лошо да сте амбициозни. Амбициозноста толку се врзува за машкиот пол и се гледа во негативен контекст само кога станува збор за жените. Ако суштината на раководството е да се има визија и цел, да се биде неуморен во потрага по неа, смешно е што жените често чувствуваат потреаба своите амбиции да ги ставите настрана затоа што друштвото ни наметнува другите да ги ставаме пред себеси.

Сподели!
- Advertisement -