Чудесно овошје со вкус на свинско месо ќе стави крај на гладот во светот

- Advertisement -

Егзотично овошје што има вкус на свинско месо го спаси светот од гладување. Овошјето се вика „џекфрут“ и е најголемиот плод кој се раќа на дрво во светот, а расте во јужниот и југоистичниот дел од Азија. Само еден плод тежи од 4,5 до 45 кг и содржи стотици семки кои се богати со калциум, протеини, железо и олово, а доволно е за да нахрани едно цело семејство за еден оброк.

Истражувачи сметаат дека ова овошје може да ги замени пченката и пченицата, на кои им се закануваат климатските промени. Двајца студенти од Бирмингем се обидуваат да се пробијат на пазарот со џекфрут така што го продаваат како здрава алтернатива за свинското месо. Проектот  Jackfruit го стартуваа 23-годишните претприемачи Џордан Грејсон и Аби Роберстон, кои бараа замена за месото во нивните оброци. Тие продаваат готови оброци со џекфрут од Индија со вкусови како скара или јамајкански лут сос.

- Advertisement -

Ова овошје е особено популарно во Бангалдеш и други нации од јужна и југоисточна Азија, но Џордан и Аби велат дека потребно ќе биде време додека луѓето се навикнат на ова. Од нивното искуство, многумина не сакаат да го пробаат, а кога ќе го пробаат не можат да веруваат каков вкус има.

- Advertisement -

Со кампања за групно финансирање во октомври минатата година собраа 9.230 долари, па студентите можеа да почнат со производство на овошјето во Индија. Project Jackfruit продава мешавина од овошјето со различен вкус во пакувања по 300 грама за околу 7 долари. Тие велат дека од таа количина може да се добијат 4 оброци. Тие планираат да почнат да го дистрибуираат до некои трговци во Обединетото Кралство.

Моментално само неколку трговци го продаваат овошјето поради високите трошоци за транспорт и краткиот век на траење и тоа по цена од 6 долари за половина килограм. Во САД, пак, овошјето е поевтино – 2,50 долари за половина килограм. Ова овошје се смета дека има голем потенцијал да стави крај на гладот во светот, особено со оглед на тоа колкава штета прават млечната и месната индустрија на планетата Земја.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -