Илон Маск: Ни треба само добра волја и поддршка од луѓето и ќе им покажеме на сите што се е можно

- Advertisement -

Илон Маск, најпознатиот претприемач на денешницата, иноватор, бестрашен лидер, гостуваше на конференцијата South by Southwest, која секоја година се одржува во Остин, Тексас. Иако ненајавен гостин, ги импресионирше посетителите со своите одговори на прашањата.

Тој изнесе многу нови факти и според тишината која владееше во салата, дефитинивно го задржа целосното внимание на сите присутни. Меѓу многу поенти кои ги истакна, првата беше дека во моментот единственото нешто што може да го направат луѓето за да помогнат во неговата мисија е да му дадат позитивна енергија и поддршка, па тој на сите ќе им покаже дека одењето на Марс е возможно. Тој сака да им докаже на другите компании за тие потоа да го следат неговиот пример и да почнат да работат на своја понапредна технологија.

Што се однесува на животот на Марс, вели дека тие што ќе отидат таму ќе се наоѓаат во многу опасни ситуации налик на истражувачите на Антарктикот и има големи шанси да умрат. Токму затоа нема да има многумина кои ќе сакаат да отидат на Марс. Тоа може да го направат само некои екстремни авантуристи за кои возбудата од откирвањето нови територии е поголема од стравот од опасностите кои демнат таму.

- Advertisement -

 

Првите кратки летови до и од Марс ќе почнат во првата половина од 2019 година

Првите доселеници на Марс ќе треба да ги постават основите за човечка цивилизација таму, но ќе имаат и огромни претприемнички прилики затоа што таму ќе биде потребно се – од железо до пицерии. Маск вели дека неговите прогнози кога ќе се случат патувањата и колонизацијата на Марс досега биле оптимистични и тој се труди да биде што пореален. Со оглед на тоа дека сега работат на првиот интерпланетарен брод, за кој потенцира дека е навистина огромен, Маск прогнозира дека првите кратки летови до и од Марс ќе почнат во првата половина од 2019 година. Управувањето таму веројатно ќе биде директна демократија каде што секој директно ќе гласа за некое прашање наместо преку претставници на народот. Неговата единствен совет за владеењето таму е да се прават кратки закони затоа што долгите закони значат дека во нив се крие нешто сомнително.

- Advertisement -

Маск вели дека драматично ќе ја намалат цената на летовите поради тоа што вселенскиот брод ќе биде реупотреблив. За споредба наведе еден навистина интересен пример. За да се изнајми еден авион „боинг 747“ од Калифорнија до Австралија и назад чини 7 милиони долари, да се купи еден авион тубоџет чини околу 1,5 милиони долари, а тој не може ни да лета до Австралија затоа што е мал. За споредба, еден лет со џиновскиот вселенски брод BFR ќе чини помалку отколку што чинел летот со малиот Falcon 1.

Според Маск, 80% до 90% од времето кое го поминува во SpaceX го троши на инженеринг и дизајн. Тој велид ека за да може да носи одлуки мора да ги разбира работите до детали. Кога размислувал зошто после неколку години SpaceX немал напредок кон Месечината и кон Марс, сфатил дека причината е високата цена на транспортот дотаму. Токму затоа почнал да чита литература за ракети, да анализира кои материјали се потребни, колку би чинела изградбата…

- Advertisement -

Вештачката интелигенција го заплашува најмногу

На прашањето како се планира еден бизнис како ракетите каде што однапред се знае дека многу работи може да тргнат во погрешен правец Маск одговори дека, всушност, немал бизнис план, а што се однесува на неговата трета компанија, The Boring Company, вели дека сето тоа почнало како шега затоа што мислел дека тоа би било смешно име за една компанија. Маск повторно потенцираше дека вештачката интелигенција го заплашува најмногу затоа што никој, всушност, не е свесен за што се е способна, а брзината со којашто се развива е неверојатна. Како пример го наведе роботот Alpha Go кој ja играше играта „го“ пред некоја година и не можеше да победи еден просечен играч, а 6-9 месеци подоцна го победи светскиот шампион во „го“, како и сите досегашни шампиони додека играше симултано со сите нив. Потоа следуваше верзијата Alpha Zero, која сама научи да ја игра играта и 100 пати го победи првичниот шампион Aplha Go.

Беспилотните возила ќе бидат барем 100%-200% побезбедни од луѓето возачи

Уште едно неверојатно предвидување на Маск е дека до крајот на 2019 година со автомобилската индустрија ќе преповладуваат беспилотните возила и ќе бидат барем 100%-200% побезбедни од луѓето возачи. Единствената егзистенцијална криза со којашто се соочуваме сега, вели Маск, е како да осигураме една симбиоза меѓу дигиталниот свет и човештвото. Генерално, Маск не поддржува строги правила и регулативи, но ова е случај кога едната страна е закана за народот, па затоа мора да постои едно јавно тело кое ќе има инсајдерски информации и ќе има моќ да контролира дека сите ја развиваат вештачката интелигенција на безбеден начин. Според Маск, опасноста од вештачката интелигенција е многу поголема од опасноста од нуклеарното оружје.

Генијалниот ум на Маск прогнозира дека во иднина може повторно светот да се соочи со мрачна доба, особено доколку има Трета светска војна. Во тој случај мора да се осигураме дека на друго место недопрено од нас има доволно наше „семе“ за човештвото да продолжи да постои и евентуално повторно да се врати на Земјата.

Понатаму, наредната точка на која се осврна е обновливата енергија. На прашањето до каде е тој со решавањето и на тој проблем, Маск вели дека основата е тука (мисли на енергијата на ветрот, на Сонцето, на водата), но проблем се пазарните цени. Според него, доколку нешто што вреди нула денари се процени со многу висока цена, се создаваат пореметувањата на пазарот и не може да се реши проблемот и се стопира развојот на други технологии. Маск предлага да има цена за се што испушта јаглерод диоксид во атмосферата, а тука не ги исклучува ни сопствените ракети како загадувачи. Во спротивно, се преправаме дека ископувањето милиони тони фосилни горива од внатрешноста на Земјата нема да има никакви негативни резултати.

Сподели!
- Advertisement -