До сега околу 70 000 луѓе ја преземале хрватската апликација „Автошкола“ која полагањето на возачки испит го прави поедноставно, пишува Poslovni Dnevnik врз база на информации добиени од Porsche Croatia
Се работи за апликација наменета за iOS и Android уреди создадена од стручен тим на компанијата DD3D во соработка со Автошколата Стубица, на чело со Иван Русан и Porsche Croatia. Интерактивната онлајн платформа нуди директен и едноставен пристап кон учење на сообраќајните правила и прописи, а наменета е за кандидатите кои се подготуваат за полагање на возачки испит или за проверување на знаењето на оние кои веќе се возачи.
Прашањата одат со симулации на различни ситуации во сообраќајот, а 3Д симулациите прикажуваат сообраќајни ситуации во кои секој возач може да се најде во реалноста. Апликацијата го олеснува учењето на правилата за возење, едуцира за сообраќајна култура и ги подготвува корисниците за предизвиците на патиштата.
Според Русан, податокот дека апликацијата веќе преземена скоро 70 000 пати значи дека секој ученик во автошколите во Хрватска ја има преземено на својот паметен телефон. Апликацијата наскоро ќе доживее уште две изданија и тоа едно на Facebook кое на сите автошколи во Хрватска ќе им биде понудено бесплатно, како и веб апликација наменета за предавања во автошколите.
Проектот е поддржан и од Министерството за образование и наука, Националната програма за сигурност во сообраќај и други.
Апликацијата “Автошкола“ ја има и за Android и iOS