По астрономската казна од ЕУ, Android можеби нема да биде бесплатен

- Advertisement -

Откако Европската комисија му изрече казна од 4,34 милијарди евра поради нефер однесување во контекст на пласирањето апликации за корисниците на паметни телефони, стигнуваат информации дека поради оваа одлука можеби Android повеќе нема да биде бесплатен, пренесува The Verge.

„Google го искористи Android како возило за цементирање на доминацијата на својата платфрома за пребарување на Интернет. На eвропските потрошувачи им беа ускратени бенефититте на ефективната конкуренција во сферата на мобилната телефонија“ истакна денес Маргрет Вестагер, претставник на Европската комисија.

- Advertisement -

Комисијата соопшти дека Google до прекрши законот барајќи од производителите на своите уреди да инсталираат Google Search и Google Chrome во рамките на условите за користење на продавницата за апликации на Google, Google Play Store.

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, ја одбрани одлуката на компанијата и истакна дека просечниот корисник на Android инсталира околу 50 апликации и може да ги отстрани претходно инсталираните, но доколку тие не можат да ги прединсталираат апликациите на Google, ќе се наруши екосистемот на Android.

- Advertisement -

„Досега бизнис моделот на Android значеше дека не моравме да наплаќаме за нашата технологија или да зависиме од цврсто контролиран дитрибуциски модел. Но, загрижени сме дека денешната одлука може да ја наруши нашата рамнотежа со Android и да испрати загрижувачки сигнал во корист на сопственичките системи на отворените платформи“ напиша Пичаи на својот блог.

Сподели!
- Advertisement -