Понекогаш е навистина тешко да ги заштитите вашите деца додека играат или сурфаат на интернет, но постојат решенија за интернет безбедност кои можат да ви помогнат вам и на вашето дете да имате позитивно и безбедно искуство додека тие се во онлајн просторот
Пишува- Бојан Кордалов
Додека се на училиште или игралиште, така и кога седат пред компјутер децата ќе треба да донесат самостојни одлуки со што се отвора простор и да направат некои грешки.
Затоа, безбедноста на децата во интернет „игралиштето“ е вистински предизвик, особено ако се земе предвид дека во тој период нема присуство на учителката или тренерот, туку се оставени речиси самите на себе.
Анализирајќи на оваа тема, меѓународната лабораторија за интернет безбедност Касперски го објави истражувањето под наслов „Заштитете ги вашите деца онлајн“.
Оваа компанија, која во 2016 година на светскиот пазар ја лансираше апликацијата „Kaspersky Safe kids“ ги дава следните 5 препораки за сите родители:
Блокирајте ги несоодветните веб страни. Како што голем дел од родителите се информирани, не сите веб страници кои се достапни во интернет просторот се kids-friendly, односно имаат содржина прилагодена за детската возраст. Тие решението го нудат во софтверот за „родителска контрола“ со кој може да се ограничи пристапот до вакви содржини. Ова ќе води до безбедно пребарување на интернет и блокирање на несоодветните содржини за децата. Истовремено, ваквиот софтвер им дава информација на родителите за интернет сообраќајот за да бидете сигурни дека сте целосно свесни за тоа што детето секојдневно го прави на Интернет.
„Не разговарајте со непознати“. Како што постојат негативни појави и криминал во реалниот живот, тоа се случува и во интернет просторот. Може да биде забавно за вашето дете да ја игра најновата онлајн игра со пријателите или да комуницира со нив преку чат (chat) апликациите. Но, во овие виртуелни простории за разговор, исто така, може да се кријат компјутерски криминалци со цел да извлечат или да ги поттикнат децата да даваат лични податоци. Овие информации потоа можат да се искористат за кражба на вашиот идентитет, но и пари. Покрај почитување на претходната препорака, од компанијата ги препорачуваат софтверите за целосна интернет безбедност, како што е Kaspersky Total Security, кои помагаат и превенираат децата да испраќаат чувствителни информации, како што се детали за банкарска сметка, имиња и адреси, преку чат (chat) и месинџер апликациите.
Спречете онлајн насилството врз децата. На некои веб страни за онлајн игри, дел од гејмерите едноставно ги малтретираат и омаловажуваат другите играчи. Овие се познати како „cyberbullies“ или сајбер-насилници. И покрај фактот што администраторите на игрите се борат да ја спречат оваа појава, сепак не постои начин тоа целосно да се направи. И во овој случај, софтверите за „родителска контрола“ можат да помогнат во овој процес. Тие работат на начин што мониторираат со кого вашето дете разговара онлајн и им овозможуваат на родителите да ги блокираат непосакуваните контакти. Со овие софтвери може да добивате и известувања кога некој наведен збор ќе се искористи во онлајн комуникацијата на детето.
Заштитете се од вируси. Сајбер-криминалците се свесни дека децата бараат слободен софтвер, музика и игри. Тие, исто така, знаат дека децата имаат поголема доверба и склоност кон отворање на линкови и прилози (attachment). Ако детето, макар ненамерно, кликне на некој банер/онлајн реклама, може да „закачи“ вирус кој не само што ќе го загрози неговиот/нејзиниот компјутер, туку и целата мрежа. Лабораторијата како најдобра заштита препорачува инсталирање на пристоен пакет за интернет безбедност како Kaspersky Total Security кој ги блокира небезбедните врски и ги заштитува сите преземања од злонамерен софтвер.
Безбедноста на децата е на прво место! Секако, ништо не го заменува родителското присуство кога станува збор за безбедноста на децата на интернет. Едноставно, разговорот со вашите деца може многу да помогне – да ги подучите да не кликаат автоматски на копчињата „да“ или „прифаќам“ и да си се држат настрана од било какво недозволено однесување на интернет, интернте насилство или сајбер-криминал. Но, на крајот на краиштата, децата имаат потреба во дел од денот од онлајн игри и забава. Заедничка цел и интерес на родителите и софтверите за интернет безбедност е да ги заштитат децата во интернет просторот.
На оваа тема разговаравме и со Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми. Тој се сложува дека најефективна е комбинацијата од родителска информираност и контрола и користењето на софтвери за заштита на децата.
„Улогата на родителот не може никој да ја замени, особено во воспитувањето и насочувањето на детето како да се однесува додека е во онлајн просторот. Но, замислете колкава поддршка е да имате некој кој нема да му дозволи на вашето дете воопшто да пристапи до веб страни и апликации кои се несоодветни за неговата возраст или да ви дава преглед на опасните конверзации и разговори во кои детето може да западне и да стане предмет на кражба на лични податоци или да се соочи со вербално омаловажување и насилство. Токму тоа го нудат софтверите за родителска контрола, но и многу повеќе.“, истакнува тој.
Кордалов вели дека сè што се случува во секојдневието, се пресликува и во интернет просторот, а навиките и опасностите само се пресликуваат.
„Истите ризици и опасности кои постојат во реалноста, демнат за децата и во виртуелниот свет. Разликата е само во тоа што тие се прилагодени и трансформирани на дигитален начин. За таа цел, како што ги воспитуваме нашите деца да ги почитуваат сообраќајните знаци или да не разговараат со непознати на улица, потребно е да изградиме и воспоставиме правила кои децата ќе ги научат и почитуваат онлајн. Разговорот со децата е клучен, а тие во родителите треба да гледаат авторитет, но и пријател кој може да им помогне во овој дел“, посочува Кордалов и додава дека враќање назад од дигитализацијата нема да има, па затоа треба целосно да го прифатиме новото време и така да ги заштитиме децата.
Тој советува родителите да бидат постојано информирани и во тек со сите новини кои секојдневно се случуваат на интернет и на социјалните мрежи, бидејќи одговорноста и во овој дел во воспитувањето е одговорност на родителите, а не на децата.