Фирмата Mobile Vehicle Technology (MVT) која работи во Писаровина кај Загреб потпиша партнерство со компанијата Arabco Smart Technology од Дубаи со што му ја отвори вратата за блискоисточниот пазар на својот паметен велосипед Grunner X, пренесува Poslovni Dnevnik. Велат дека се задоволни што овој хрватски производ веќе познат ширум Европа го претставуваат и на сцена како Блискиот Исток.
„Grunner X е како првиот сериски производствен модел на паметен електричен велосипед одличен и е показател на брзиот развој на IoT индустријата во Хрватска. Моментално работиме со десет странски компании кои нарачаа повеќе велосипеди чии серии се прилагодени на потребите и барањата на клиентите.“, откриле основачи на MVT, Лука Бебан и Иван Голубиќ.
Цената на велосипедот во најголем дел зависи од спецификациите, вградената опрема и софтверските можности на поединечни линии на велосипеди. Но за сега најавуваат дека продажната цена на стандардниот модел чини околу 5 000 евра, додека пак на моделот со максимални перформанси може да дојде и до 10 000 евра. Наскоро ќе биде претставена и поедноставена верзија на велосипедот кој за пазарот на овие простори ќе чини 3 000 евра.
Моделот Grunner X неодамна бил претставен и на најголемиот блискоисточен симпозиум за нови технологии ITXPO во Дубаи. Неговите карактеристики се најново софтверско решение развиено во соработка со домашни компании кое овозможува уште поголем домет од претходните верзии и поголема поврзаност и компатибилност со различни подсистеми. Grunner X на cloud платформа може да испраќа околу 60 параметри на секои 30 секунди што овозможува напредна оптимизација на возењето и посебно доживување.
„Преговараме и со потенцијални партнери во САД, но најмногу сме концентрирани на завршување на развојот на целосно нови технологии кои наскоро ќе ги претставиме. Во тимот имаме 8 луѓе, но бројот е неколку пати поголем ако се земат и луѓето кои работат на наши проекти во склоп на другите хрватски компании кои ни се партнери.“, додале Бебан и Голубиќ.
Од неодамна ја лансирале и најновата верзија на апликацијата за паметни телефони Grunner Mobile преку која може да се управува со параметрите на велосипедот преку телефонскиот број на корисникот, пренос на видео во живо, подесување на карактеристики за доживувањето на корисникот, рута и конфигурација на велосипедот.
На производителите на електрични велосипеди, овој систем им овозможува анализа и предвидување на проблеми, како и предвидување на потребите за сервис, а велосипедот ќе испраќа известување во случај на поместување или присутност на непосакувано однесување на системот.
„Нашата цел е да напредување и развивање на нови технологии кои ќе им овозможат на другите произведувачи бргу да се прилагодат на новата индустриска револуција чија основа е IoT и поврзаност. Визијата на нашата компанија е создавање на паметни градови преку користење на иновативни технологии, како и на корисниците да им се пружат единствени технолошки решенија за секојдневните активности.“, порачал Голубиќ.