ВИДЕО: Оваа кула од бамбус чини само 1.000 долари, а прави чиста вода од воздухот

- Advertisement -

Во изолираните пустински предели каде што пристапот до чиста вода за пиење е постојан предизвик една кула направена од бамбус може да го спаси животот на многу луѓе. Етиопија е една од земјите земја која очајно има потреба од чиста вода за пиење. Дизајнерот Артуро Витори и неговиот тим од непрофитната организација Warka Water имаат решение кое може да им помогне на милиони луѓе од земји како Етиопија да добијат пристап до чиста вода за пиење.

Кулата Warka Water , која името го носи по огромното дрво кое раѓа смокви и расте во Етиопија, е висока повеќе од 9 метри, направена е од бамбус и пластична мрежа, а се користи не само за собирање на дождовната вода туку и за собирање на маглата и росата. Секоја течност којашто ќе се собере со кулата се носи до резервоар, кој на најновата верзија може да собере до 98 литри вода дневно. Предноста на кулата е тоа што е направена од материјали кои може да се набават локално и лесно се гради, а чини околу 1.000 долари.

- Advertisement -

Warka Water може и да генерира електрицитет преку соларни панели. Во основата на кулата може да се посадат градини каде што ќе се одгледува зеленчук за околу три семејства, кој автоматски се наводнува со собраната влага. Сето тоа може да се направи со помош на биоразградливи материјали кои може и да се рециклираат.

Преку кампањи за групно финансирање американската компанија се прошири во земји како Хаити и Того. Основниот научен принцип на кој се базира кулата и собирањето вода со неа не е ништо ново. Клучни тука се размислувањето надвор од некои лимити и органичувања и фокусот на почитувањето на планетата Земја и искористувањето рлокални ресурси. Тоа ќе овозможи да се донесе чиста вода за пиење до милиони луѓе во светот на кои им е неопходна.

Сподели!
- Advertisement -