Швеѓани инвестираат 50 милиони евра во софтверски центар во Хрватска

- Advertisement -

Шведската групација Saab планира да гради во Хрватска софтверски центар и научен парк во кој ќе вложи 50 милиони евра преку период од десет години, објавил претседателот на одборот Маркус Воленберг кој деновиве бил во посета на Хрватска заедно со заменик министерот за претприемништво и иновации на Шведска, Никлас Јохансон и заменик претседателката на научниот парк Марија Хедлунд, пренесува Poslovni Dnevnik.

Делегацијата од Шведска одржала состаноци со претставници на хрватски компании и власта, со кои се зборувало за координацијата за избирање локација за центарот бидејќи долгорочниот план е околу центарот со текот на години да израсне технолошки парк.

- Advertisement -

Една од причините поради кои групацијата ја избрала Хрватска како локација за изградба на центарот е недостатокот од компјутерски инженери во Шведска. Друга причина е посточката соработка на хрватските универзитети со оние од Шведска особено во полета на роботиката и автоматиката. Иако уште не е дефинирано со што точно ќе се занимава центарот, се проценува дека во него за почеток ќе бидат вработени стотина луѓе од кои повеќето Хрвати.

Што се однесува до научниот парк, постои голем интерес за примена на шведскиот концепт кој налага соработка меѓу владата, индустријата и научниот сектор. Во Шведска постојат вкупно 31 научен парк.

- Advertisement -

„Конкуренцијата постојано се зголемува и мораме да се менуваме и унапредуваме со цел да иновираме. За да го овозможиме тоа, мораме да соработуваме со останати држави бидејќи Шведска е релативно мала држава и не можеме да очекуваме дека сите иновации ќе доаѓаат од тука.“, изјавил Јохансон образложувајќи го интересот за соработка со Хрватска.

Сподели!
- Advertisement -