Bloomberg: Меѓу петте најбогати луѓе на светот повеќе нема милијардери од Европа

- Advertisement -

Претставници на стариот континент испаднаа од првата петорка, бидејќи францускиот магнат Бернард Арналут паднал на седмата позиција во најновиот индекс на милијардери на агенцијата Блумберг.

На прво место е Џеф Безос, сопственик на платформата за онлајн тргување Амазон, втор е Бил Гејст сопственик на Мајкрософт, а на трето место е Ворен Бафет американски инвеститор.

- Advertisement -

На четврто место е Марк Закерберг основач на Фејсбук, а петти е телекомуникацискиот магнат Карлос Слим.

Индексот на милијардери е најнов показател на промените во прераспределбата на светското богатство. Најмногу богатство се концентрира во Азија и САД. Американците поседуваат 40 отсто од богатството на листата, жителите на Азија 25 отсто, а следат Европјаните со 21 отсто. Седум од десет најбогати луѓе се Американци.

Сподели!
- Advertisement -