Пет нешта кои не треба да ги има на вашиот LinkedIn профил

- Advertisement -

Иако LinkedIn е социјална мрежа, значително се разликува од останатите. Сфатете го LinkedIn како лична веб страница за вашата кариера и вие сте личност која треба преку неа да ги „продаде“ своите услуги на работодавачите. Да се има силен LinkedIn профил, значи дека вашиот личен маркетинг е одличен.

Но LinkedIn е мрежа која треба да се научи како да се користи и постојат неколку работи кои не треба да ги има на вашиот профил. Некои од овие работи се:

- Advertisement -
  • профил со лоша или без фотографија
  • премногу/премалку информации
  • пишување во трето лице
  • премногу субјективен опис (гуру, маркетинг нинџа…)
  • „активно бара можности..“

Доколку на вашиот профил стои особено последнава реченица, тогаш вие оставате впечаток дека сте очајни, а никој не сака да вработи очајни личности.

Истражувања кои вклучиле статистика за вработувања преку LinkedIn покажале дека кога работодавачите бараат талент на мрежава, сакаат да вработат некој кој моментално работи некаде. Доколку ставите на профилот дека „активно барате можности“, тогаш не само што кажувате дека сте невработени туку и дека сте очајни.

- Advertisement -

Освен што ќе ги избегнете овие неколку работи кои ви ги наведовме, доколку сакате да најдете работа преку LinkedIn, потребно е да ја вклучите опцијата која им покажува на работодавачите дека сте отворени за работни понуди. Кога работодавачот ќе бара талент со вашиот сет на вештини, тогаш вашиот профил ќе излезе во пребарувањето.

Задолжително ставете фотографија на која делувате професионално, бидејќи многу од работодавачите нема да го отворат профилот доколку нема фотографија или истата е недолична. Исто така, оптимизирајте го профилот со тоа што кратко и јасно ќе ги наведете вештините кои ги поседувате за да можат истите да бидат препознати од алгоритмот на LinkedIn и да стигнат до посакуваните работодовачи.

Сподели!
- Advertisement -