Африканска дизајнерка направи посебна облека за слепи луѓе

- Advertisement -

Облеката којашто ја носиме е еден начин на изразување. Било да е тоа бојата, кројот или украсите, го избираме она што ни се допаѓа и што мислиме дека ни стои убаво. Сепак, тој утрински ритуал е покомплициран и многу помалку забавен за луѓето кои имаат проблеми со видот. Облеката , која главно е дизајнирана за просечни луѓе, е визуелен предмет.

Јужноафриканската дизајнерка Балини Наидо има одговор за овој проблем – дизајнираше облека која изгледа одлично оддалеку, но кога ќе се приближите до неа ќе видите изгравирани пораки кои на слепите луѓе им комуницираат нешто.

- Advertisement -

Според некои податоци, во јужна Африка слепилото е најмногу застапен здравствен проблем. Жените изнесуваат 57% од вкупниот број слепи луѓе, додека 23% од слепите лица се на возраст од 15 до 36 години. Наидо вели дека почнала да истражува како може да дизајнира систем за идентификација на облеката со помош на Брајовата азбука за слепите луѓе да можат да се чувствуваат способни и независни кога избираат што да облечат.

Облеката е направена од едноставни и неутрални бои за сите парчиња да одговараат едни со други. Со помош на вез Наидо има интегрирано пораки со Брајова азбука на облеката. Така слепите луѓе ќе знаат што држат во раце пред да го облечат. Освен што ваќа слепите луѓе ќе имаат поактивна улога во бирањето на облеката што ќе ја носат, на овој начин ќе можат и сами да се облекуваат, пренесува PSFK.

- Advertisement -

Наидо вели дека инспирацијата ја нашла дома: „Да се има член на семејството кој има проблеми со видот значи дека се запознавате со многуте предизвици со кои се соочуваат слепите луѓе. Некои од тешкотиите се избирање на облеката секој ден без ничија помош”.

 

Сподели!
- Advertisement -