Отворена еко-зона во Градскиот трговски центар

- Advertisement -

Општина Центар и колективниот постапувач „Нула отпад“ пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) поставија „Еко зона“ која претставува простор за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.

На поставувањето на Еко зоната градоначалникот на Центар Саша Богданоивиќ рече дека ова е прва ваква локација на територијата на општина Центар, а директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ги повика сите стопанственици и сопственици да го складираат малиот електричен и електронски отпад на локацијата за одлагање.

- Advertisement -

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делува како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Сподели!
- Advertisement -