Пет совети за успех од Ариана Хафингтон – жената која создаде милионски бизнис

- Advertisement -

Ариана Хафингтон, основач на Huffington Post и Thrive Global, e позната по своето залагање за повеќе жени во бизнис светот. Често држи инспиративни говори и им дава совети на жените, но и на мажите, кои само што стартуваат свои компании или планираат да основаат компанија.

Во рамки на серијата видеа на Facebook #SheMeansBusiness, Ариана Хафингтон одговараше на прашања за работата, балансот меѓу приватниот живот и работата, но даваше и совети како да се справиме со некои проблеми, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Така, на едно од прашањата за совет кој би им го дала на жените кои штотуку влегуваат во светот на претприемништвото таа одговори со интересен пример.

„Пред се, немојте да верувате во митови дека за да изградите еден бизнис мора постојано да сте на работа. Дека морате да си ги жртвувате соништата, грижата за себеси. Јас верувам во спротивното. Баш како што ни зборуваат во авионите – прво себе ставете си ја маската со кислород, а потоа ќе можете да функционирате. Доколку го прифатите тоа, ќе можете да почнете да си го градите бизнисот. И не се плашете да правите грешки. Три четвртини од стартапите пропаѓаат. Можеби тоа има врска со убеденоста дека секогаш мора да бидеме во бизнис што води до лоши одлуки, а тие до пропаѓање на стартапите“, истакна Хафингтон.

- Advertisement -

Таа откри дека нејзин најголем предизвик во градење на бизнис царството е токму тој мит.

Две години откако го стартував Huffington Post се срушив од недостиг на сон, исцрпеност, премногу работа. Удрив со главата во своето биро и ја скршив јаболчната коска. Така открив дека сме попродуктивни и поуспешни ако на прво место ја ставаме својата благосостојба и здравје“, истакна Хафингтон и додаде дека една од најтешките работи во животот е да се направи баланс меѓу работата и семејството.

- Advertisement -

Вработените мајки постојано се виновни затоа што ако работат не се со децата, ако се со децата не работат. Но, нашите деца се многу поотпорни отколку што мислиме. Она што им треба е да им покажеме дека безусловно ги сакаме. Тоа мора да ни биде приоритет. Јас сама сфатив дека ако немам време за опоравување, не сум ни добра мајка. За да бидеме поотпорни на предизвиците и барањата, мора да се посветиме себеси, а потоа ќе бидеме и подобри мајки и подобри претприемачи“, советуваше Хафингтон.

Ариана Хафингтон истакна дека при градењето на бизнисот мора да се биде отворен и транспарентен со инвеститорите, дури и во моментите кога бизнисот не оди најдобро. Како шефица на стартапот Thrive Global, кој во соработка со Samsung ја направи апликацијата Thrive, наменета за одмор од барањата на дигиталниот и на бизнис светот, се залага за исфрлање на паметниот телефон од спалната соба.

„Многу често на крајот на денот нашите тела се исцрпени, но нашиот мозок уште е активен. Многумина очекуваат дека ќе заспијат за секунда иако не се подготвени за спиење. Мајките знаат дека кога ги успиваат децата не можат само да ги стават во кревет. Мора да се подготват за спиење, да ги избањаат, да им раскажат приказна, да им испеат песничка. Да изберат време кога ќе ги исклучат своите телефони и нежно да ги испратат на спиење. Тоа е клучно. 70% од луѓето спијат со паметниот телефон покрај кревет. А тоа е многу битно затоа што ако се разбудите сред ноќ, голема е веројатноста дека ќе посегнете по својот телефон не само за да видите колку е часот, туку ќе се логирате на социјалните мрежи“ потсети Хафингтон.

Фактот дека го исфрлила паметниот телефон од спалната соба и помогнал подобро да се фокусира на работата и полесно да ги поставува приоритетите.

„Времето е најбитно и кога ќе научиме како да ги поставуваме приоритете, можеме да тргнеме кон успех. Лично знам дека колку сум позафатена толку поголеми се шансите да речам не на она што влијае на мојот сон, семејството и работата. Изминатите месеци додека бев зафатена се откажав од Netflix, од одење во кино, но не сакав да се откажам од својот сон“, истакна Хафингтон.

„За мене е битно да бидам во центарот на бурата, како што велам. Секој ден ќе се соочуваме со предизвици. Затоа, за мене е битно да се подготвам за секој ден. Се обидувам да не посегнам по телефонот уште на стартот на денот затоа што ако посегнуваме по телефонот, не го планираме она што сакаме да го оствариме тој ден, туку она што светот го сака од нас. А тоа е погрешно. Затоа, мислам дека е битно телефонот да го оставиме во друга соба кога легнуваме. Сакам да медитирам наутро. Доволни ми се само 5 минути да се фокусирам на она што ме чека во текот на денот и полесно да се носам со она што морам да го решам“, додаде Хафингтон.

Сподели!
- Advertisement -