Qinshift Academy со фонд до 50 000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

- Advertisement -

Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира традиционалниот „Challenge Day“,каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи на 25ти (четврток) и 27ми (сабота) април, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. За биде предизвикот поголем оваа година е зголемена поддршката на нови студенти со обезбедување на фонд од 50 илјади евра за заинтересираните студенти на Qinshift Academy.

- Advertisement -

“Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро, – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy

Сhallenge Day ќе го опфати академиите на  Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графчки дизајн, гејм дизјан, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање, Data Science и дигитален маркетинг.

- Advertisement -

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација.

Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете на телефонскиот број 075 334 547

- Advertisement -