Третиот мотивациски настан Feed Your Brain ќе се одржи на 3. април во Штип

- Advertisement -

По примерот на многу светски настани на кои свои говори имаат луѓе кои имаат што да кажат, од 13 март и во Македонија започна акцијата Feed Your Brain, реализирана од маркетинг агенцијата Еден на Еден во рамките на иницијативата Мрдни со прст.

Преку овие настани со мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите и младите луѓе воопшто имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат.

- Advertisement -

Настаните се бесплатни и до сега се одржаа два, еден во Скопје и еден во Тетово. Деновиве е најавен и третиот од вкупно четири настани кој овојпат ќе се одржи на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.

Точната локацијата на третиот настан е Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет во Штип, а закажан е за 3. април, вторник, со почеток во 15 часот. 

- Advertisement -

Говорниците кои се најавени за новото издание на Feed Your Brain се следниве:

  • Бранко Огњановски – основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу К-15, еден од основачите на К-15 продукција, креатор и уредник на порталот panika.be и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата „Фчерашни Новости“
  • Снежана Лупевска Созен – новинар во истражувачкото новинарство во Македонија, автор и продуцент на емисијата „КОД“ и уредник во ТВ Телма
  • Жан Митрев – најпознатиот кардиохируг во Македонија, основач, сопственик и главен менаџер на Специјалната болница „Филип Втори“

Модератор на настанот е Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

- Advertisement -

Сите заинтересирани за присуство на настанот може да се пријават на следниот линк до 2. април.

Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Сподели!
- Advertisement -