Тајланд ќе ја затвори најпознатата плажа во светот, заливот Маја, за туристи. Заливот Маја е идиличната локација на која е снимен филмот The Beach. Но, туризмот е вистинска хорор приказна за нежниот екосистем таму. Загадувањето од бродовите и околните хотели ги уништуваaт плажите во целиот регион.
Туристите во текот на 4 месеци нема да можат да пристапат на заливот Маја за да и дозволат на природата да заздрави, пренесува Светскиот економски форум. Во Филипините, пак, тропскиот остров Боракај ќе биде затворен во период од 6 месеци. Во целиот регион повисоката температура на водата ги уништува коралните гребени кои ги мамат туристите.
Заштитата на природата и одржувањето на економијата е прашање на баланс. Забраните за пристап не се единствениот начин да се ограничи штетата врз природата. Пацифичкиот остров Палау бара од посетителите кога ќе појдат таму да потпишат „еко заклетва“. Би ги смениле ли плановите за одмор за да ја заштитите животната средина?