Октомври 2022 година најтопол во Европа, Канада, Сибир…

- Advertisement -

Месецот октомври 2022 година, според податоците за претходните 30-ина години, е најтопол во Европа, објави климатолошката служба Коперникус. Според службата, просечните температури во текот на минатиот месец биле речиси 2 степени Целзиусови повисоки во однос на референтниот период од 1991 до 2020 година.

Оваа европска служба, која нема споредливи податоци пред периодот 1991-2020 година, веќе објави дека летото 2022 година било најтоплото досега забележано (околу 1,34 степени над нормалата).

- Advertisement -

Тешките последици од климатските промени сега се очигледни и имаме потреба од амбициозни климатски мерки на климатската конференција, која се одржува во Египет во моментот, за да осигураме намалување на емисијата на гасови и да ја стабилизираме температурата блиску до целта од 1,5 степени Целзиусови според Парискиот климатски договор, изјавија од Коперникус.

Според европската служба, топлотниот бран резултирал со рекордни дневни температури во Западна Европа и рекорден октомври во Австрија, Швајцарија и во Франција, како и за поголем дел од Италија и Шпанија.

- Advertisement -

Европскиот континент е континент кој најбрзо се загрева на Земјата. Во текот на изминатите 30 години во Европа температурите се зголемиле за повеќе од дупло од глобалниот просек, загревајќисе по околу 0,5 степени по деценија, покажува извештајот од Светската метеоролошка организација објавен на 3 ноември.

Во остатокот од светот Коперникус забележува дека Канада доживеала рекордна топлина, а многу повисоки од просечните температури се забележани и на Гренланд и на Сибир. Најниски температури, пак, во однос на просекот се забележани во Австралија, на крајниот исток на Русија и во делови од западен Антарктик.

- Advertisement -

Од крајот на 19 век досега Земјата се има загреано за речиси 1,2°C, а отприлика половина од тој пораст се случила во последните 30 години.

()Zimo

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -