Илон Маск доби дозвола да лансира 4.425 сателити во вселената за нов и многу побрз Интернет

- Advertisement -

Американската федерална комисија за комуникации вчера го одобри барањето на Илон Маск, односно на неговата компанија SpaceX да понуди глобални сателитски услуги за широкопојасен Интернет.  Ова е прв случај да биде одобрено вакво барање. Сателитскиот систем ќе се состои од 4.425 сателити, пренесува The Verge.

„Ова е прв случај да биде одобрена американска лиценцирана констелација на сателити за широкопојасни услуги со помош на новата генерација сателитски технологии наменети за ниската орбита на Земјата. SpaceX предложи сателитски систем составен од 4.425 сателити и му дадовме одобрение да ги користи фреквенциите Ka (20/30 GHz) и Ku (11/14 GHz) за да понуди глобална интернет конектираност“ изјавија од Комисијата.

- Advertisement -

Компанијата планира да ја нарече услугата Starlink. Претходно годинава SpaceX ги лансираше првите два сателити од планираните вкупно 12.000. Сега се чини дека компанијата ќе почне со систем од 4.425 сателити, при што Комисијата од Илон Маск побара барем половина од овие сателити да бидат лансирани во текот на наредните 6 години. SpaceX треба да почне да испраќа оперативни сателити во орбитата на Земјата на почетокот на идната година. Според финансиските проекции, SpaceX очекува повеќе од 40 милиони претплатници на Starlink до 2025 година, што е еднакво на околу 30 милијарди долари приходи.

Сподели!
- Advertisement -