Триглав Осигурување Скопје со добивка над планираната

- Advertisement -

Групацијата Триглав во 2017 година работеше профитабилно и согласно стратешките насоки. Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на ден 29.03.2018 го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2017 година. Управата и Надзорниот одбор ќе предложат на собранието на акционери,  дел од нето добивката во висина од 56.837.870,00 евра да се искористи за исплата на дивиденди, што претставува 82% од консолидираната нето добивка за 2017 година. Предлог дивидендата изнесува 2,50 евра бруто по акција. Предвиден датум на заседавање на годишното собрание е 29.05.2018. Триглав Осигурување Скопје, којшто е дел од Групацијата Триглав, во 2017 година ја утврди својата лидерска позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија и позитивно работи во својата основна дејност.

Добивката на Групацијата над планираната.

- Advertisement -

Групацијата Триглав оствари 84,4 милиони евра добивка пред оданочување, додека планирано беше помеѓу 70 и 80 милиони евра. 2017 година отстапуваше на глобално ниво поради природните катастрофални штетни настани. Групацијата тоа успешно го компензираше со високиот премиски раст и со добриот надзор врз трошоците. Уделот на трошоците во полисираната премија во однос на претходната година беше намален за 0,5 процентни поени, на 24,8%. Приносите од инвестиции – со исклучок на приносот од инвестициите на осигурениците на животно осигурување, кои го превземаат инвестицискиот ризик – беа 4% пониски отколку во 2016 година. Нивното намалување е пониско од очекуваното, а одредено вилијание имаа пред сѐ еднократни настани, кога се реализирани капитални добивки. Профитабилноста на капиталот на Групацијата Триглав изнесуваше 9,3%.

Заедничката премија достигна 1 милијарда евра.

- Advertisement -

Три години по ред Групацијата Триглав постигнува премијски раст, којшто во 2017 година изнесуваше дури 7%. Обезбеди 1 милијарда евра консолидирана бруто премија од осигурување, соосигурување и реосигурување, а планираната изнесуваше околку 930 милиони евра. Раст во премија беше постигнат во сите три премијски групи. Од пазарен аспект, порастот во Словенија во просек изнесуваше 6%, додека пак на другите пазари од регионот Адриа 10%. Во согласност со стратешката насока за раст и развој, Групацијата и во 2017 година го зголеми уделот на осигурителната премија на пазарите надовор од Словенија, и тоа за 0,4 процентни поени, на 17,7%. Влошувањето на штетниот количник беше ублажено со подобрување на расходниот количник, затоа достигнатата вредност на комбинираниот количник е на поволно ниво од 93,9%.

Финансиска стабилност, високи кредитни рејтинзи и водечка позиција во регионот Адрија.

- Advertisement -

Двете признати агенции за кредитен рејтинг, S&P Global Ratings и A.M. Best, кои ја оценуваа Групацијата Триглав, во 2017 година повторно и доделија високи бонитетни оцени »A« и стабилна среднорочна прогноза. Групацијата Триглав останува цврсто на водечкото место во регионот Адрија (удел од 20%) и истата позиција ја задржа и на својот најголем пазар, словенечкиот (удел од 36%). Во 2017 година ја подобри својата позиција и на хрватскиот и на српскиот пазар, додека пак на другите пазари ја зачува позицијата, односно пазарниот удел од годината претходно.

Развојни акценти во 2017 година од аспект на стратегијата до 2020.

Во својата стратегија 2017-2020 Групацијата Триглав го зацрта својот пат во насока на современа, иновативна и диманична осигурителна и финансиска групација, која цврсто стои на водечкото место во Словенија и пошироко, во регионот. Клиентите се во центарот на сите активности на Групацијата Триглав. Во првата стратешка година активно ги остваруваше своите стратешки насоки. На клиентите им понуди нови и подобрени продукти, ги дополни со асистентски услуги, ги зацврсти алтернативните продажни канали, како што се банки, лизинг компании, туристички агенции, интернет и мобилни апликации и ги развиваше технолошките и процесните подобрувања во делот за решавање на штети. На ниво на Групација почнаа да се одвиваат обемни активности за воспоставување на напредна, информатизирана и иновативна деловна околина на Групацијата. Во развојните дејности Групацијата соработува со StartUp компании, акцелератори и воведува нови форми на партнерска соработка.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Во 2017 година доследно ја имплементиравме нашата стратегија и постигнавме добри деловни резултати. Управниот и Надзорниот одбор на компанијата оваа година, на собранието на акционери, согласно политиката за дивиденди, ќе предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра, бруто, по акција. Со новата политика за дивиденди сакаме на избалансиран начин да оствариме три цели, и тоа, среднорочно, континуирано да ја остваруваме зацртаната адекватност на капиталот на Групацијата, да ја реинвестираме нето добивката во спроведување на стратегијата на раст и развој на Групацијата Триглав и на акционерите да им исплаќаме атрактивни дивиденди.“

Групацијата Триглав на пазарот на Македонија. Триглав Осигурување, Скопје во 2017 година оствари добри резултати, работејќи во согласност со насоките дефинирани во стратегијата, со што повторно ја утврди својата лидерска позиција на пазарот на неживотното осигурување во Македонија. Бруго полисираната премија во доменот на неживотни осигурувања беше на ниво на претходната година. Компанијата во 2017 година оствари 2,1 процентен поен подобар комбиниран количник во однос на резултатот реализиран во 2016 година. Овој количник е најдобар индикатор за успешност на компанијата во основната осигурителна дејност.

„Нѐ радува резултатот остварен во доменот на доброволно здравствено осигурување, каде што во 2017 година остваривме раст од 11% во споредба со 2016 година. Ова е важен продуктен сегмент за Триглав, којшто настојуваме континуирано да го развиваме и подобруваме, за што подобро да одговориме на потребите на пазарот, а тоа го потврдуваат и самите резултати“, во оваа прилика изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување Скопје, Ѓорѓе Војновиќ. Први на пазарот воведовме осигурување на побарувања, производ наменет за корпоративниот сегмент, којшто штити и обезбедува навремена исплата на побарувањата на осигурениците, го стабилизира нивното финансиско работење и ја подобрува нивната конкурентност, а со тоа и продажните резултати. При крајот на годината настапивме и на пазарот за осигурување на живот, со лансирање на новата компанија Триглав Осигурување Живот, со што на клиентите им овозможивме услуги во сите области на осгурувањето“, заклучи Војновиќ.

Дигитален годишен извештај

Пораката на годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2017 година е »енергија на Групацијата« и ги одразува зајакната положба на Групацијата Триглав во регионот и поттикот којшто го носи развојот на современата организациска култура. Извештајот е издаден во дигитален формат, како интерактивен ПДФ документ, на веб страната www.triglav.eu, сега уште подобро прилагоден на екранот, како и на посебна веб страна, на словенечки и англиски јазик.

Сподели!
- Advertisement -