Градот Виена и Централниот завод за метеорологија и геодинамика ќе опремat околу 1 200 семафори ширум градот со 10.000 сензори кои ќе собираат податоци за временските услови и околина, како и за сообраќајот.
Податоците ќе бидат обработувани преку Big Data Analytics и ќе имаат повеќекратна употреба. На овој начин, преку вообичаена функција како секојдневно управување со сообраќајот, ќе може да се подобри и квалитетот на воздухот бидејќи постојаното кочење и забрзување на возилата произведува многу повеќе штетни гасови отколку вообичаениот проток на сообраќај.
Семафорите се идеални за инсталирање на квалитетни мрежи за мерење со цел да се добиваат податоци за временските услови и околината во реално време. При тоа, тие имаат постојано напојување со струја, а користат и Интернет.
Целта на градската управа е сите семафори во Виена да се опремат со вакви сензори кои ќе собираат податоци кои ќе се обработуваат моментално онлајн. Во првата фаза сензорите ќе служат за мерење на температура и влажност на воздухот, а во следната фаза ќе ги мерат и количините на штетни гасови во воздухот и галама од сообраќајот.