Европа заостанува со развивање на 5G мрежите позади САД, Јужна Кореја и Кина

- Advertisement -

Развивањето на мобилната мрежа од петтата генерација сѐ повеќе се интензивира и големите компании трошат стотици милиони долари за да бидат целосно подготвени да одговарат на потребите во однос на 5G. Според најновите прогнози кои се однесуваат на 2019 година кога 5G мрежата треба да го достигне врвот, се претпоставува дека Европа ќе заостанува позади САД, Јужна Кореја и Кина.

Како што пренесува ICT Business, до 2020 година се очекува да постојат 60 милиони 5G конекции што е 50% повеќе од она што го предвидуваше Ericsson. Трендот ќе продолжи да расте, па во 2021 година се очекуваат 280 милиони конекции, а до 2026 година дури 2,3 милијарда од кои 40% само ќе бидат во Кина, а 98% ќе се одвиваат преку мобилни уреди. САД и Јужна Кореја се очекува да надминат 100 милиони конекции во 2022 година, а Европа ќе го надмине овој број во 2023 година.

- Advertisement -

Како причина за ова заостанување се наведени поедноставувањето на регулативите, ширење на мрежите и инфраструктурата генерално, како и самиот број на земји членки на Европската унија кои пак имаат и внатрешни регулативи по ова прашање.

Според извештајот на Ericsson, до 2026 година се очекува 5G мрежите да генерираат 65 милијарда долари годишно и да вредат 1,2 трилиони долари. Брзините на 5G би требало да достигнат до 10 гигабајти во секунда што е и до стотина пати повеќе од тоа што моментално го овозможуваат 4G мрежите.

- Advertisement -

Потенцијалот е неверојатно голем за сите сектори, особено за енергетскиот, сигурносниот и транспортниот сектор.

Сподели!
- Advertisement -