На светско ниво разликата во платите на мажите и жените битно се разликуваат, особено кога ќе ги погледнеме Јужна Кореја и Јапонија, каде што понежниот пол во просек има за една третина помала плата од посилниот пол. Во Европа разликата не е толку голема, но секако е забележителна, што го покажуваат и бројките на Statistisches Bundesamt, пренесува ICTBusiness.
Најлоша е ситуацијата во Естонија, каде што жените примаат 25,3% помалку отколку мажите. Не е многу подобро ни во Чешка, каде што имаат 21,8% послаби примања, како и во Германија, каде што платите на жените се 21,5% пониски отколку на мажите на месечно ниво. Блиску е и Велика Британија со своите 21%.
Најдобра е ситуацијата во Полска, каде што жените имаат 7,2% послаби примања од мажите. Италија е на претпоследно место со 5,3%, додека Романија е надното со разлика во платите од само 5,2%.
На ниво на Европската унија разликата е 16,2% и тоа е нешто што треба да се изедначи, а би се постигнало доколку жените почнат да добиваат подобро позиционирани работни места.