Облакодер кој се склопува како оригами може да се преместува на места погодени од катастрофи

- Advertisement -

Облакодер инспириран од концептот на техниката за виткање оригами може да се свитка како хармоника и да обезбеди привремено засолниште за стотици луѓе погодени од катастрофи. Облакодерот е дизајн на полски архитекти, а се вика Skyshelter.zip. Облакодерот може да се спакува во кутија и да се пренесе со хеликоптер на кое било место, пишува DailyMail.

Структурата на облакодерот се отвора речиси моментално благодарение на голем балон со хелиум кој се поставува во него и го штити од надворешни влијанија. Дизајнот неодамна ја доби годишната награда на натпреварот Evolo и ги победи останатите 525 интересни архитектонски концепти. 

- Advertisement -

Земјиштето кое го зазема Skyshelter.zip наспрема луѓето кои може да ги собере е 30 пати помало отколку да се псотавуваа шатори или други засолништа за исто толку луѓе. Лесните 3Д печатени делови се прицврстени директно за балоно во средината на облакодерот. Во завиност од количината гас која се става во балонот, може да се контролира бројот на катови и соби кои ќе се отворат. 

Тоа значи дека може да се постави секаде и тоа без расчистување на теренот, што особено многу битно по големи катастрофи.  „Било да се случил земјотрес, поплава или ураган – помошта мора да дојде брзо. Тоа најчесто е полесно да се каже отколку да се направи бидејќи транспортните мрежи се оштетени или тешко е да се направи локализација. Skyshelter.zip ги решава тие проблеми со структура која е компактна, лесна за транспорт и може да се пренесе за минимум време и со минимална работна рака“ велат креаторите.

Сподели!
- Advertisement -