Лансиран првиот 6G тест-сателит во светот

- Advertisement -

Ракета-носач наречена Long March 6 е лансирана во орбитата од Таијуан провинцијата во Кина, а со неа и 13 сателити. Еден од нив се вика „Универзитет за електроника и технологија“ и тоа е првиот тест 6G сателит во светот.

Неговата главна цел е набљудување на тлото на Земјата. Сегментот на кој се фокусира се урбаните градби и следење и превенција на природни катастрофи во земјоделството и шумарството, како и во другите индустрии каде што се бараат слични услуги. Истовремено, ќе тестира и терахерцна комуникација.

- Advertisement -

Сателитот е дело на научници од Универзитетот на Кина во соработка со уште неколку компании. Познат е и под називот Tianjan 05, а тежи околу 70 кг. Тој ќе воспостави примопредавачка врска и ќе прави испитувања на оптеретувањето кое може да го поднесе терахерцната комуникациска мрежа за најдобро да може да се примени во вселенски околности.

Во прашање е комуникација која опфаќа огромен спектар на радиобранови и има огромна брзина на пренос на податоци. Има огромни можности за примена, како на Зејата така и во вселената. Исто така, во прашање е една од клучните технологии за идниот развој на шестата генерација мобилни мрежа – 6G.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -