Пакомак ќе донира мрежа за зафаќање на пластичен отпад на сливот на Треска во Козјак

- Advertisement -

Пакомак одговори позитивно на иницијативата за одржување на еко-системот на езерото Козјак и реката Треска, со набавка и поставување на мрежа за зафаќање на пластичниот отпад што се слева по течението.

Оваа поддршка од страна на Пакомак, е врз основа на предходно упатеното барање од страна на Општина Македонски Брод.

- Advertisement -

По акцијата за чистење на езорото во која учествуваше и Пакомак како дел од Асоцијацијатa за посебни текови на отпад при Комората,  констатирана е  состојба на загадување на акомулацијата на езерото Козјак од пластичен отпад што надоаѓа од водите на реката Треска, а кои се вливаат во езерото од општината Кичево и Пласница.

„Иако ова е делумно решение, и не го спречува на долг рок проблемот со загадувањето на реката и езерото – лоциран во негрижата на несовесните граѓани кои фрлаат пластичен отпад во реката, сепак ќе допринесе за собирање и чистење на отпадот и ослободување на водите од токсичните, неразградливи пластики“, изјави Филип Ивановски извршен директор во Пакомак.

- Advertisement -

Со Регионалниот план за управување со отпад, се планира затварање на депонијата во Кичево која ја загадува и реката Треска, со што долгорочно ќе се реши и проблемот со загадувањето на езерото Козјак кое се наоѓа на Треска.

Козјак е најголемото вештачко езеро во Македонија, долго 32 километри, а со длабочина од 130 метри. Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби. Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото, кое е од голема важност и за одржување на природниот биодиверзитетот во овој дел од Македонија.

- Advertisement -

Јавното Комунално Претпријатие и Општината Македонски Брод ќе ја чистат и одржуваат мрежата донирана од Пакомак.

Сподели!
- Advertisement -