Водењето бизнис од дома секако носи бенефити, но најчесто доаѓа со многу нешта кои можат постојано да ви го крадат вниманието. Понекогаш е многу тешко да се остане фокусиран, но со малку дисциплина, може да успеете во игнорирањето на нештата кои ве прекинуваат во работењето.
Еве неколку совети како да останете фокусирани додека го водите вашиот бизнис од дома.
1. Откријте кои ви се најпродуктивните часови и искористете ги максимално
Кога сте најпродуктивни во денот и имате најмалку нешта што ви го одвлекуваат вниманието? Почнете да размислувате за ова прашање за да идентификувате кои се овие часови. За многу луѓе овие часови се најчесто наутро, но за други можат да бидат и при крајот на денот. Но тоа е убавината на поседувањето сопствен бизнис: сами можете да си го креирате работното време.
Идентификувајте ги часовите кога сте најпродуктивни и трудете се да изградите секојдневна рутина да работите во тие часови. Доколку се работи за многу рано наутро, не можете да ги завршите телефонските повици со значајни клиенти, но можете да пишувате извештаи, да одговарате на меилови или да правете пресметки.
2. Поставете граници во текот на денот
Веќе кога ги идентификувавте најпродуктивните часови, гледајте да работите исклучиво во тој период. Нека знаат вашите пријатели, семејството и клиентите дека вие работите во тој период од денот и дека не треба да очекуваат дека можете да се посветите на некоја друга обврска само поради фактот дека работите од дома.
Еден едноставен начин како да поставете граници кога работите од дома е да имате посебен простор во домот кој ќе ви служи како канцеларија и да имате вклучено бизнис телефонска линија. Кога ќе си направите распоред и ќе работите од тој назначен простор, тогаш и вие нема да бидете под искушение да правите нешто друго кога некој ќе го побара тоа од вас.
3. Правете паузи
Повеќе истражувања веќе докажуваат дека кога редовно си земаме паузи при работењето, си ја подобруваме концентрацијата во текот на денот. Според една студија од 2014 година, за да бидете продуктивни, треба да имате пауза од 17 минути после секое работење од 52 минути.
Меѓутоа, не ја користете паузата за да вртете по Фејсбук или да читате меилови – ова не ви го опушта мозокот. Наместо тоа, станете од столот и раздвижете се, грицнете некоја зрава ужинка и напијте се вода.
Клучно е да знаете кога точно да ја завршите паузата и да се вратите на работа. За време на паузата не почнувајте активности кои можат да траат долго како на пример миење садови или долг разговор со пријател бидејќи ќе ви отиде многу време во кое сте можеле да бидете продуктивни.
4. Останете поврзани
Градењето мрежа за сопственици на бизнис кои работат од дома може да понуди голема мотивација за работа. Закажете кафе состанок од време на време со луѓе кои работат во вашата индустрија и посетувајте често настани каде можете да запознавате вакви луѓе.
Понекогаш може да ви помогне и тоа што ќе излезете само од дома и сами ќе испиете кафе во некое локално кафуле. Присуството на други луѓе, дури и кога не ги знаете, може да делува позитивно на вашата продуктивност.
5. Користете слушалки за да се дистанцирате од надворешните звуци
Ако постојано слушате како некое куче како лае под прозорецот или автомобили кои постојано свират, најдобро би било да почнете да користите слушалки за да ги исклучите овие звуци. Најдете си добра музика која ќе ве опушта за да ја слушате преку слушалките. Можеби би било добро во овие периоди и да не го проверувате телефонот секогаш кога ќе ви стигне некое известување.
6. Размислете да ангажирате асистент
Ангажирањето асистент може да ви помогне со тоа што нема да ја трошите вашата продуктивност на активности кои директно не ви носат профит како проверувањето меилови, објавувањето на социјалните мрежи и надополнување на листата со контакти.
Размислете кои се задачите кои можете да ги доверите на личност од надвор и кои ви одземаат премногу време во денот, за да можете тоа време да го посветите на посериозните работни задачи.
Водењето на бизнис од дома бара дополнителна дисциплина. Но со малку повеќе самосвест и планирање, можете да ги ограничите работите кои ви го одземаат вниманието и значително да ја поттикнете вашата продуктивност.