Водич за ChatGPT за сите што менаџираат социјални медиуми

- Advertisement -

Со порастот на ChatGPT и другите алатки за вештачка интелигенција, некои се прашуваат дали маркетерите на социјалните медиуми ќе бидат заменети.

Но, се повеќе се поистоветува дека тоа нема да се случи бидејќи ефективната, креативна и оригинална содржина бара human touch 

- Advertisement -

Сепак, алатките за вештачка интелигенција можат да помогнат во оптимизирање и олеснување на вашата работа – затоа, споделуваме зошто менаџерите на социјалните медиуми треба да размислат за користење ChatGPT, заедно со 15 бесплатни prompts (текстови што ги внесувате во ChatGPT) што можете да ги користите постојано.

Што е ChatGPT?

Создаден од OpenAI, ChatGPT е напреден чет-бот за вештачка интелигенција (AI) дизајниран да разбере и одговара на прашања како што би одговорил човек.

- Advertisement -

Со него, корисниците можат да имаат интерактивни разговори, да бараат информации и да истражуваат нови идеи.

Едноставно внесете текст во празното поле на ChatGPT и voila – веднаш добивате одговор 

- Advertisement -

Скептицизам за содржината генерирана од вештачка интелигенција

Почнувајќи од едноставни дефиниции и натписи на социјалните медиуми до цели вести написи и објави на блогови, алатките како ChatGPT донесоа еднакви делови на возбуда и сомнеж во мејнстримот.

Случај во точка: Додека ChatGPT може да генерира целосна содржина, OpenAI вели дека алатката „понекогаш пишува веродостојни, но неточни или бесмислени одговори“.

И бидејќи ChatGPT користи нешто што некој го напишал – оригинална работа без да го цитира авторот, многумина се загрижени за квалитетот и прашањата за плагијат.

Што можеме да заклучиме од ова? Онаа содржина која што ќе ви биде генерирана со вештачка интелигенција не треба директно да и правите copy – paste.

Наместо тоа, може да се користи за да поттикне инспирација, да заштеди време и да ja оптимизира вашата работа (повеќе за тоа, подолу).

6 совети за пишување на ефективни propmpts за ChatGPT

Ова се топ 6 совети за менаџерите на социјални медиуми што може да ги користат за да пишуваат ефективни ChatGPT prompts:

  1. Бидете специфични (не генерички)
  2. Играјте си со различни тонови на зборување
  3. Фокусирајте се на тоа што вам ви е важно
  4. Претставете му се на ChatGPT кои сте вие / или како кој треба да одглуми тој
  5. Проверувајте ги вашите резултати со факти
  6. Користете го бесплатниот темплејт на Later.com

СОВЕТ #1: БИДЕТЕ СПЕЦИФИЧНИ (НЕ ГЕНЕРИЧКИ)

Кога станува збор за ChatGPT prompts, се е во деталите.

На пример:

  • Наместо: Кои инфлуенсери треба да ги заследи мојот бренд на [социјален медиум]?
  • Обидете се со: Сакам да го наполнам мојот [социјален медиум] со повеќе луѓе кои зборат за [одредено нешто]. Дај ми ги топ 15 [nano/micro/macro инфлуенсери] кои треба да ги заследам. Во листата вклучи мешавина од полови и години.

Заклучок? Што повеќе е специфичен вашиот prompt, толку подобар одговор ќе добиете од ChatGPT.

СОВЕТ #2: ИГРАЈТЕ СИ СО РАЗЛИЧНИ ТОНОВИ

ICYMI: ChatGPT може да генерира одговори во широк опсег на тонови.

Од професионални и сериозни до игриви и смешни, експериментирајте со различни тонови за да добиете резултати токму какви што ви се потребни.

Едноставно додајте „во [тип на тон] тон“ на крајот од вашиот prompt, и баш на тој начин ќе отклучите цела нова серија одговори.

СОВЕТ #3: ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ТОА ШТО ВАМ ВИ Е ВАЖНО

Совет за ChatGPT што мора да го знаете е во се она што го пишувате да бидете специфични.

Наш совет? Спомнете ја вашата ниша кога е потребно за да избегнете резултати кои не се важни за вашата целна публика.

На пример:

  • Наместо: Кои се топ 10 најпопуларни хаштагови на [социјален медиум]?
  • Обидете се со: Создадете листа на топ 10 растечки хаштагови за [ниша] на [социјален медиум]

СОВЕТ #4: ПРЕТСТАВЕТЕ МУ СЕ НА CHATGPT КОИ СТЕ ВИЕ / ИЛИ КАКО КОЈ ТРЕБА ДА ОДГЛУМИ ТОЈ

ChatGPT не е Маргот Роби, но неговата способност да глуми / да се однесува како да е не треба да се занемари.

Додавањето едноставно „однесувај се како…“ или „преправај се дека си…“ на почетокот на вашето барање кон ChatGPT може да биде вистинската количина на контекст потребен за одговорот што го барате.

На пример:

  • Наместо: Создади пост на LinkedIn за [тема].
  • Обидете се со: Преправај се дека си менаџер на социјални медиуми во [индустријата или нишата] и подготвуваш едукативна објава на LinkedIn за [тема]. Создади листа со точки со три различни идеи за објавување со call-to-action кои ќе поттикнат коментари.

СОВЕТ #5: ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ СО ФАКТИ

Како што споменавме, ChatGPT може да направи грешки – па затоа е добра идеја да ги препроверувате неговите одговори.

Наш совет? Користете Google за да ги потврдите одговорите и алатки за плагијат за да избегнете копии.

Но, заклучокот е дека без оглед на тоа што ќе даде ChatGPT како одговор, директниот copy-paste отпаѓа од игра.

Наместо тоа, секогаш модификувајте ја содржината за да се усогласи со гласот на вашиот бренд и дадете го својот personal touch.

СОВЕТ #6: КОРИСТЕТЕ ГО БЕСПЛАТНИОТ ТЕМПЛЕЈТ НА LATER.COM

Деталните, внимателни prompts кои му ги пишувате на ChatGPT можат да помогнат во подобрувањето на вашиот работен тек.

И за ваша среќа, ние веќе направивме нешто што може многу да ви го олесни работењето со ChatGPT.

Со бесплатниот водич за prompts на ChatGPT за менаџери на социјални медиуми на Later.com, можете:

  • Да го автоматизирате вашиот секојдневен распоред
  • Да си ослободите време за да се фокусирате на покреативната работа
  • Да добиете инспирација за вашите следни идеи

Па така, додека ботовите сè уште не ја преземат контролата, прифаќајќи ја вештачката интелигенција како менаџер на социјални медиуми = сигурен начин да останете на врвот на најновите трендови, да го рационализирате вашиот workload и да имате супер перформанс на социјалните мрежи.

Извор – Асоцијација за е-трговија

Сподели!
- Advertisement -