Мега-спојување на американскиот телекомуникациски пазар!

- Advertisement -

Мобилниот пазар на САД ќе почне сериозно да се менува откако Т-Mobile се согласи да го купи ривалот Sprint во договор вреден 26 милијарди долари. Спојувањето на компаниите, кои се рангираат на трето и четврто место во САД треба да создадат поконкурентен телеком со околу 130 милиони корисници.

Според извршниот директор на T-Mobile, Џон Леџер во текот на следните три години, новата компанија ќе потроши околу 40 милијарди долари за изградба на 5G мрежа, за која вели дека ќе има 30 пати повеќе капацитет отколку актуелната понуда на компанијата.

- Advertisement -

Договорот доаѓа по неколкумесечни разговори помеѓу Deutsche Telekom и јапонската SoftBank, кои ги контролираат T-Mobile и Sprint, соодветно. Deutsche Telekom ќе има 42 отсто од новата компанија и ќе го води одборот на директори, додека Softbank ќе има 27 отсто од акциите. Компанијата ќе го користи името T-Mobile и ќе има пазарна капитализација од 146 милијарди долари, а според аналитичарите, ќе имаат подобри позиции за да се натпреваруваат со првите два оператори – Verizon и AT&T, секој со над 100 милиони претплатници . Тие очекуваат спојувањето да му помогне на T-Mobile да премине кон 5G.

Трансакцијата се очекува да влезе во фокусот на регулаторите поради загриженоста дека тоа би можело да доведе до повисоки цени за потрошувачите. Двете компании преговараат за спојување од 2014 година, но администрацијата на Обама не даде зелено светло поради потенцијалното влијание врз конкуренцијата. Нема гаранција дека овој пат договорот ќе се случи.

- Advertisement -

Според Џон Леџер, спојувањето ќе доведе до пониски цени и ќе им помогне на САД да го забрзаат развојот на 5G во позадина на зголемената кинеска конкуренција. Тој, исто така, ветува дека ќе создаде илјадници работни места во руралните области на земјата.

Сподели!
- Advertisement -