Кина доби свој Холивуд, филмски град со големина на 500 фудбалски игралишта со амбиција да привлече снимање на тоа место. Овој филмски град беше презентиран како најголема инвестиција во светската историја на филмската индустрија.
За изградбата на новоотоворениот комплекс со површина од 376 хектари беа потрошени 6,5 милијарди евра. Комплексот е сместен во летувалиштетот Чингдао, на приватниот кинески конгломерат Wanda,кој е иницијатор на проектот, пренесува Bizlife.
Веќе се изгрдаени 30 студија, меѓу кои и најголемото студио во светот. Уште десет ќе бидат доградени во текот на наредните години, ветува компанијата специјализирана за недвижности, спорт и филм. Покрај локации за снимање и постпродукција, овој фараонски град од Истокот опфаќа и сала за приредби, училиште, болница и јахт клуб инспириран од тие во Монако.
Тука е и џиновскиот трговски центар со површина од 360.000 квадратни метри. Опфаќа продавници, кафулиња, лизгалиште, забавен парк, воден парк и најголемото кино во Азија. „Ова е најголема инвестиција во историјата на филмската и телевизиската индустрија“, тврдат од Wanda.
Компанијата на чие чело е Ванг Јианлин, четвртиот најбогат човек во Кина според податоци на Blооmberg, не е непознато име во филмската индустрија. Тoј продуцира филмови, го купи американскиот синџир кина AMC во 2012 година и го откупи боливудското студио Legendary (каде што беа снимени Jurassiс park, Interstellar, Godzilla) во 2016 година.