Дејв Бирс, Џон Буркхарт и Мет Дезмије се новите говорници на конференцијата Spark.me 2018

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, која ќе се одржи од 26 до 27 мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25 мај), ги објави имињата на три нови говорници кои од Велика Британија доаѓаат на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Дејв Бирс, Џон Буркхарт и Мет Дезмије.

Дејв Бирс има мисија да ги разбие митовите во областа на креативноста и иновациите. Тој, заедно со коавторот Сун Ји, годинава објавија книга именувана Iconic Advantage во која откриваат како некои од најуспешните светски компании користат иновации со цел да изградат легендарни брендови. Бирс е основач на консултантска куќа за дигитален маркетинг Additive која ги подучува и инспирира брендовите и агенции како да бидат креативни. Некои од нивните клиенти се Google, ESI Media, Sky итн. Бирс поминал многу години како креативен директор на некои од најпознатите и најголеми рекламни агенции во Лондон, како OgilvyOne, Poke и McCann Worldgroup.

- Advertisement -

Џон Буркхарт е наградуван предавач, специјалист за контент маркетинг и коавтор на книгата Newsjacking: The Urgent Genius of Real-time Advertising. Основач е на TBC Global, агенција која пружа консултантски услуги за маркетинг во рамки на бројни организации кои имаат работилници за контент маркетинг. Член е на комисијата за уредување на програмата на најголемата технолошка и маркетинг конференција на светот, South By Southwest Interactive (SXSWi) и на конференцијата SEAT (Sports and Entertainment Alliance in Technology), глобален настан кој ги собира топ менаџерите на професионални спортски тимови. Во 2017 година, тој ја организираше и интерактивата работилница на фестивалот Cannes Lions кој ги собира професионалците од областа на креативни комуникации и рекламирање. Неговата работа е цитирана во меѓународни списанија како Rolling Stone, Fast Company i The Guardian.

- Advertisement -

Мет Дезмије е стратег кој им помага на брендовите и организациите да станат познати со тоа што ќе го зголемат бројот на купувачи и да развиваат производи за 21 век. Основач е на компанијата Wise Old Uncle која има соработувано со неколку импресивни клиенти како најголемата британска платформа за групно финансирање или crowdfunding, најпрестижната британска осигурителна компанија и компанијата која е глобален лидер во областа на мапирање. Тој редовно се наоѓа на годишната листа на највлијателни личности во дигиталната индустрија (BIMA Top 100, Maserati 100 и Digital Leaders Top 100), а неговите совети ги има побарано дури и британската влада и британското кралство семејство.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на другите главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Мајк Масимино, поранешен НАСА астронаут, професор на универизитетот Колумбија и познато ТВ лице кое шест пати се појави во хит серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory); Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; како и Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

 

Сподели!
- Advertisement -